Vrabotuvanje.com - Аналитичар во лабораторија за контрола на квалитет - Росоман - СИНЦЕРИТАС ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Аналитичар во лабораторија за контрола на квалитет

Росоман

Рок за пријавување:

  • СИНЦЕРИТАС ДОО Скопје
  • Адреса: Ул.Никола Кљусев бр.11, 1000 Скопје

Синцеритас ДОО е фармацевтска компанија, чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена.
 
Работните практики и политики се усогласени со највисоките локални и европски стандарди во фармацевтската индустрија (EU GMP) со цел производство на масло од канабис со висока чистота и различни концентрации на CBD и THC.

сИНЦЕРИТАС ИМА ПОТРЕБА ОД

аналитичар во лабораторија за контрола на квалитет


Синцеритас ДОО бара високо мотивиран и искусен Аналитичар во лабораторија за контрола на квалитет со одлични познавања од областа на производството на фармацевтски производи кој ќе ги има следниве

ОДГОВОРНОСТИ:

  • Одговорен за ефикасно и квалитетно извршување на сите активности кои спаѓаат во доменот на контрола на квалитет на влезни супстанции, амбалажа, меѓупроизводи и готови производи во согласност со барањата на ДПП.
  • Ги имплементира барањата на ДПП и ИСО стандардите.
  • Ги координира активностите врзани со евиденција на секој прием на аналит за контола на квалитет.
  • Ја следи стабилноста на финалните производи и изработува студии на стабилност.
  • Активно учествува во развивањето на аналитичките методи и валидација на истите.
  • Учествува во ин-процес контролата на производите.
  • Го организира чувањето на контрапримероци од извршени анализи.
  • Изработува Стандардни Оперативни Постапки со кои се регулираат и организираат активностите во доменот на контрола на квалитет.
  • Се грижи за архивирање на документација согласно воспоставениот Систем за управување со документација.
  • Се грижи за правилното функционирање и одржување на инструментите и лабораториската опрема. Изведува периодични калибрации, квалификации и изготвува извештаи од обавените активности. Изработува упатства за работа со инструменти и лабораториска опрема. Го известува менаџерот на одделот за сите воочени дефекти на опремата со цел обезбедување на редовно сервисирање и обезбедување на резервни делови од истата.
  • Осигурува дека се запазуваат безбедносните стандарди и чистота на лабораторијата.
  • Врши обука на други аналитичари за спроведување лабораториски процедури и анализи.
  • Следи стручна литература и во склад со тоа сугерира и врши избор и примена на нови сознанија во доменот на контрола на квалитетот.
  • Известува или спроведува истрага за сомнителни резултати од тестирања. Пишува и документира извештаи за резултати надвор од спецификацијата за квалитет.
  • Следи резултати по параметар и изготвува извештаи за резултати надвор од трендот.
  • Учествува во внатрешни проценки и ревизии каде што е потребно.
  • Изработува извештаи по завршена контрола на квалитет се грижи за стандардотеката на референтни стандарди, активно следејки го нивното користење.
  • Учествува во правилна примена на Системот за управување со квалитет и животна средина и се грижи за чиста и здрава животна средина.
  • Други доделени одговорности според вештини и квалификации.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Факултетска диплома по фармација, хемија, технологија, биологија или сродна област.
  • Минимум 2 години работно искуство во фармацевтска лабораторија за КК.
  • Одлично познавање на применливи аналитички методи и постапки.
  • Одлично познавање на процеси за работа во фармацевтска лабораторија за контрола на квалитет, ДПП, ДЛП.
  • Искуство во спроведување различни лабораториски анализи, работа со HPLC, GCMS итн.
  • Возачка дозвола Б категорија.

работно време и место:

  • Од понеделник до петок од 08:30 до 16:30, во фабрика за производство во Росоман.
     

Доколку сте заинтересирани, Ве покануваме да се пријавите со својата Професионална биографија преку полето "Брза Апликација".

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Фармација и Биотехнологија изнесува 36.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде