Vrabotuvanje.com - Администратор за човечки ресурси - Скопје - Еуро Табак ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Администратор за човечки ресурси

Скопје

Рок за пријавување:

  • Еуро Табак ДОО

 
 
Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
 
Еуротабак има потреба од Администратор за Човечки Ресурси (Замена минимум 2 години)

Локација: Скопје, Македонија
Оддел: Сектор за Човечки Ресурси
Рок за пријавување: 01.10.2021 
Позиција: 1
 
 
Услови за работа:
  • Редовна месечна плата;
  • Полно работно време- 40 часа;
  • Работа на определено време;
  • Пријатна работна атмосфера;
  • Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;
 
Потребни квалификации:
  • ВСС
  • Одлично познавање на деловниот Англиски јазик.
  • Општо познавање на модерната комуникациска технологија
  • Страст за Човечки Ресурси и работа со луѓе 
 
Работни задачи:
  • Одговара за ефикасно водење и спроведување на активности во областа на човечките ресурси за потребите на компанијата преку прием и селекција на кадри, обука и развој, кадровска администрација.
  • Одговара за спроведување на кадровски и трудови политики и активности во согласност со стратегијата на компанијата. 
  • Врши оценка на потенцијални кандидати за вработување, дава мислење и препораки. 
  • Ја ажурира и одржува базата со потенцијални кандидати за вработување.
  • Обезбедува квалитетни услуги за вработените во врска со нивните права од работен однос за добивање на документи (договори за работа, потврди, решенија, одлуки, итн.), како и спроведување на точни административни постапки усогласени со закон и процедури.
  • Подготвува и доставува до претпоставениот разни анализи и информации во областите  за кои одговара.
  • Соработува со сите сектори во компанијата за да ги оптимизира резултатите во областа на човечките ресурси.
  • Обезбедува поддршка за секторите во врска со плановите и трошоците за нивната работна сила, обезбедувајќи ажурирани податоци, документи и информации од системот за човечки ресурси.
  • Обезбедува правна усогласеност на компанијата во врска со политиките и системите за управување со човечките ресурси.
  • Развива и дава препораки за подобрувања на процедури, правилници, стандарди, спецификации, методи и процеси во својата област.
  • Организира и управува со активности за прием и обработка на документи и ажурирање на податоци за вработените во системот, 
  • Организира прием и обработка на барања, молби, одлуки, решенија, налози, итн.
 
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак.

 
Краен рок за аплицирање: до 01.10.2021
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде