Vrabotuvanje.com - Стручен самостоен соработник - Скопје - КАМ ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Стручен самостоен соработник

Скопје

Рок за пријавување:

  • КАМ ДОО Скопје

КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа. 
 
Бараме амбициозни вработени и нудиме возбудливи задачи и проекти во динамична и интернационална средина, и со цел проширување на тимот во одделението за управување со залихи, бараме личност која ќе се придружи на нашиот тим на позиција:
 
СТРУЧЕН САМОСТОЕН СОРАБОТНИК
 
Ваши задачи:
  • Како стручен и самостоен соработник ќе преземете ефикасно спроведување, контрола и дополнување на залихи и ќе придонесете директно за успехот на компанијата преку обезбедување достапност на стоки.
  • За да го направите ова, планирате и контролирате глобален проток на стоки од меѓународни добавувачи до нашите централни складишта во Македонија.
  • Вие сте одговорни за планирање на залихите и контрола на снабдувањето со стоки.
  • Вие сте врската помеѓу купувачите, добавувачите и давателите на логистички услуги.
  • Ги оптимизирате постојните и креирате нови планови во синџирот на снабдување со акцент на управување и располагање со залихите.
  • Преземете одговорност дури и во случај на неочекувани проблеми, самостојно да најдете брзи и прагматични решенија за да обезбедите непречено снабдување со стоки. 
 
Вашиот профил:
  • ВСС (предност имаат кандидатите со Бизнис логистика и Економија);
  • Предност ќе имаат кандидати со мин. 3 години работно искуство во областа FCMG 
  • Задолжително познавање на Aнглиски јазик, пожелно познавање и на Албански и Германски јазик
  • Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притиск;
  • Силно развиени аналитички способности, навремено и прецизно анализирање и известување;
  • Одлично познавање на најчесто користени софтверски решенија - напредно познавање на Excel;
  • Високо развиена способност за координирање на трошоци и економичност, способност за разрешување на проблеми, можност за работа со рокови и под притисок;
  • Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интеракција со персоналот и другите сектори;
 
Ние Ви нудиме: 
  • Обемно воведување во работата со обука која ветува напредок и успех во работата. Интензивно ќе бидете обучувани и ќе се запознаете со инструменти коишто подоцна ќе Ви бидат потребни при самостојно извршувањето на Вашите деловни задачи
  • Можност за професионален развој со месечен нето надомест од 47.000 ден. во зависност од успешноста во извршувањето на работните задачи;
  • Дополнителен годишен бонус на база на реализирани таргети
  • Исплата на регрес во износ 3 пати поголем од законски пропишаниот;
  • Слободен ден за роденден
  • Платено приватно здравствено осигурување за вработени кои работат над 2 години во Кам;
  • Ваучер за склучување на брак; пакет производи за Бадник и Божиќ
  • Попуст за вработени во нашиот хотел Вилиџ во Охрид;
  • Работа во интернационална компанија,динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
 
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул. Индустриска бб (товарна) 1000 Скопје или на E-mail: personal@kam.com.mk
 
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата нова интернет страница
 
Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе влезат во потесниот избор и ќе бидат контактирани.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде