Vrabotuvanje.com - Хаус мајстор - Ресорт Маврово, с.Маврово - Ресорт Маврово
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Ресорт Маврово, с.Маврово

Рок за пријавување:

  • Ресорт Маврово

Ресорт Маврово го проширува својот тим.

Ние сме планински ресорт, едно сме со природата, работиме и живееме за планината. Нашите гости се наше најголемо богатство и наша мисија е нивната среќа. Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово) е место за одмор и рекреација на фамилии со деца, спортски припреми на професионални спортски организации и канцеларија за работа на индивидуалци и организации во сите годишни времиња.

Нашите вработени се нашето лице на љубезност, гостопримство и беспрекорна услуга поради кои, гостите доаѓаат како гости, а си заминуваат како наши пријатели.

 
Ресорт Маврово ДОО вработува
 
ХАУС МАЈСТОР
 

Работни одговорности на Хаус мајстор во Ресорт Маврово:

  • Вршење поправки во ентериерот на хотелите согласно издадените работни налози;
  • Одржување на објектите и исправноста на инвентарот во Ресорт Маврово;
  • Други одговорности соодветни на работното место.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

  • Организациски вештини;
  • Одговорност и посветеност кон работата;
  • Педантност, брзина и ефикасност во работата;
  • Проактивна, вредна и енергична личност;
  • Лојалност и чесност;
  • Желба за раст и развој;
  • Личност која одлично се саноѓа во тимска и индивидуална работа.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Претходно искуство на слична работна позиција од мин. 2 години;
  • Познавање на работа со разновиден алат;
  • Општи познавања на работа со електрика, водовод и канализација, поправки во ентериер;
  • Минимум Средна Стручна Спрема (ССС);
  • Возачка дозвола за Б категорија. Возачка дозвола за Ц категорија е предност.

Доколку станете наш вработен добивате:

  • Сместување и 3 оброци;
  • Платени трошоци за превоз;
  • 8 слободни денови во месецот;
  • Можност за користење на теретана;
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
  • Можност за напредок, награди и бонуси;
  • Обуки и тим билдинг активности;
  • Бесплатна карта за жичарница

Локација:  Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време

Како да аплицирате:

Пратете ни ја Вашата комплетна апликација (CV, Мотивационо писмо, Диплома од последно завршено образование, Сертификати соодветни за работното место) на следниот меил: hr@resortmavrovo.com и во subject наведете „Хаус мајстор“.

Лице за контакт: Димитрија Ристевски – Сектор за Човечки ресурси, Ресорт Маврово.

Рок за пријавување на огласот: 30.09.2021

Disclaimer:

  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
  • Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
  • Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
  • Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде