Vrabotuvanje.com - Асистент во сметководство - Скопје - ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Асистент во сметководство

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран белгиски производител на автобуси и комерцијални возила, со годишен капацитет на произвoдство од околу 1,400 автобуси и 3,000 комерцијални возила. Van Hool од Белгија е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool Белгија има репутација за дизајн и производство на високо квалитетни и современи производи.

Продолжуваме со процесот на селекција на вработени за потребите на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона–Скопје 2, во Бунарџик/Илинден. 


АСИСТЕНТ ВО СМЕТКОВОДСТВО

 
ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ, РАБОТНО ИСКУСТВО, КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ
  • ВСС Економски факултет;
  • Напредно познавање на работа со компјутер и активно користење на Excel;
  • Претходно работно искуство во областа на сметководство и финансии најмалку 3 години;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Поседување на уверение за сметководител;
  • Ориентираност кон рокови, добри аналитички способности, уредност и одговорност.

ОДГОВОРНОСТИ И РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
  • Администрирање, книжење и проверка на влезни документи согласно законските прописи, интерните правилници и сметководствените стандарди; 
  • Контрола на картици на добавувачи и купувачи; 
  • Анализа и книжење на залиха на репроматеријали;
  • Евиденција и контрола на благајна и пресметка на патни трошоци на вработени;
  • Водење на регистар на основни средства и пресметка на амортизација; 
  • Составување на даночни пријави и други извештаи за државните органи;
  • Други работни задачи доделени од работодавачот;

 

ШТО НУДИМЕ:
  • Конкурентни месечни примања;
  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Работа од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот, 40 часови неделно;
  • Организирана исхрана и превоз;

 

Доколку ги поседувате потребните вештини и сте заинтересирани за работа во одлична работна средина, заедно со амбициозен и професионален тим, испратетете го вашето CV преку полето Брза Апликација задолжително со назнака “за Асистент во сметководство”, најдоцна до 20.09.2021 година. 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде