Vrabotuvanje.com - Менаџер за продажба - Албански јазик - Територија на Р. Северна Македонија - Биоком Тренд ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Менаџер за продажба - Албански јазик

Територија на Р. Северна Македонија

Рок за пријавување:

  • Биоком Тренд ДООЕЛ

Компанијата Биоком Тренд  ДООЕЛ Скопје е дел од Биоком групацијата, присутна на пазарот во Македонија од Јули 2010 година е една од водечките компании во делот на продажбата на производи наменети за прехрамбената индустрија, медицина, ветерина, хотели и ресторани.

Биоком на ниво на групација е присутна во повеќе земји што овозможува чекор понапред во следењето на светски трендови од областа на: прехранбена технологија, биотехнологија, ветеринарна медицина, и медицина

Во Биоком работи високо мотивиран и квалификуван кадар, со особено искуство во областа на својата професионална распределба, кои несебично го користат своето знаење во насока на пронаоѓање на соодветните идеални решенија за потребите на клиентите. Како резултат на континуиран развој, имаме потреба од:

Менаџер за продажба - Албански јазик

Одговорности и задачи:

  • Организирање и координација на предпродажни и продажни активности
  • Развој на пазарот и одржување на контакти со веќе постоечки клиенти
  • Преговарање, договарање и склучување на договори и продажби со клиенти
  • Анализа на потребите и потенцијалите на пазарот и превземање соодветни активности на терен.
  • Телефонска комуникација со клиенти
  • Придржување и исполнување на зададените цели, согласно стратегијата на компанијата
  • Апликација на нови продукти  и технологии на пазарот


Потребни квалификации:

  • Задолжително познавање на Албански јазик
  • Високо образование 
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на работа со компјутери
  • Задолжително поседување возачка дозвола Б категорија-активен возач
  • Одлични комуникациски и организациски способности
  • Самоиницијативност, амбициозност, лојалност и доверливост.
     

Што нудиме:

  • Работа на интересни, интернационални проекти и активности секојдневно
  • Дел од динамична работна култура 
  • Континуираниот раст подразбира постоење на многу можности за развој
  • Позитивна, динамична и мотивирачка работна атмосфера
  • Можност за стручни и едукативни обуки во земјата и странство

Доколку имате желба да бидете и Вие дел од нашиот успешен тим, испратете го Вашето CV преку полето Брза Апликација или на мејл macedonia@biokom-trend.com.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде