Vrabotuvanje.com - Технолог - Скопје - МАКО-МАРКЕТ ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • МАКО-МАРКЕТ ДОО
МАКО МАРКЕТ ДОО Скопје компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи, за потребите на новиот производен погон каде се воведуваат нови технолошки напредни линии за производство на нови производи, има потреба од:
 
Работно место: ТЕХНОЛОГ
Индустрија: Прехранбена
 

Потребни услови и квалификации:

  • ВСС, технолошки факултет
  • Минимум 3 години работно искуство 
  • Познавање на стандарди: ISO 22000, IFS 
  • Солидно познавање на англиски јазик
  • Користење на MS Office и Internet
  • Иновативност, одговорност, иницијативност
  • Организациски способности и тимска работа
  • Желба за постојано учење, лично и професионално надоградување

Работни обврски:

  • Организира и координира производство согласно план на производство
  • Контрола на целокупното производство, предлага мерки и решенија за подобрување на истото
  • Учествува во имплеметација на стандарди за безбедност на храна
  • Следи и координира стандарди
  • Развој и контрола на квалитет
  • Контрола на производни процеси за квалитет
  • Води соодветна документација 
  • Следи и имплементира законски и подзаконски акти
  • Следи светски трендови во доменот на технологијата и технолошки решенија за производство

Што нудиме:

  • Работа на нови современи автоматизирани производни линии
  • Работа во современ објект со воспоставени стандарди, систем и правила на работење
  • Почетна плата од 30.000 денари
  • Двосменско работно време 
  • Дополнителни бонуси за исполнување на норми и производни планови
  • Стабилна работа и редовни примања 
  • Редовен годишен одмор
  • Колективно осигурување на вработени од незгода
  • Можност за напредување според систем за валоризација на работа
  • Обуки за лични и професионални вештини во нашата Академија за Лидерство

Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на МАКО МАРКЕТ, постојано да го надградувате вашето знаење и сте подготвени да го прифатите предизвикот, испратете ни ја вашата кратка биографија (CV) преку полето „ Брза Апликација“.

Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде