Vrabotuvanje.com - Теренски шпедитерски техничар/администратор - Скопје - Ред шпед ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Теренски шпедитерски техничар/администратор

Скопје

Рок за пријавување:

  • Ред шпед ДООЕЛ Скопје

РЕДШПЕД ДООЕЛ Скопје, една од најуспешните професионални шпедиции, поради брз раст на компанијата и зголемен обем на работа има потреба од вработување на:

Теренски шпедитерски техничар/администратор – Подружница ТИРЗ Бунарџик
Отворени позиции: 1

Локација: ТИРЗ Бунарџик

 
Одговорности и работни задачи:
  • Одговорен е за прием и проверка на точноста на изработена документацијата и документите за увозни, извозни, транзитни постапки и постапки за реекспорт;
  • Одговорен е за дистрибуција на предмети од подружницата до царинската испостава каде што предметот ќе се обработува во царинска постапка;
  • Одговорен е за претставување на Друштвото во постапката за физички преглед на стоката од страна на Царинската управа;
  • Одговорен е за преземање на документација од Царинска управа или други државни органи и институции како и за обезбедување на навремена достава на документите од страна на надворешни соработници и подизведувачи (вадење на ТИРЗ, ЦМР и сл); 
  • Одговорен е за подигање, превоз и достава на документи од  Скопје до ТИРЗ Бунарџик и обратно; 
  • Одговорен е за уредна и навремена достава на предмети за фактурирање до Сектор администрација и финансии;
  • Одговорен е за уредна и навремена достава на фактури до клиентите на Друштвото, согласно инструкциите на непосредниот раководител;
  • Одговорен е за уредна и навремена достава на документи во рамки на Друштвото, а согласно инструкциите на непосредниот раководител;
  • Одговорен е за водење на архива за Подружница ТИРЗ Бунарџик;

Потребни квалификации:
  • Искуство на иста или слична работа ќе се смета за предност;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Возачка дозвола од Б категорија.

Профил на кандидатот:
  • Самостојност во извршувањето на работните задачи; 
  • Одлични комуникациски вештини, доверливост, и способност за работа во тим;
  • Аналитичност, педантност, способност за решавање на проблеми, и ориентираност кон резултати;
  • Способност за работа под временски притисок;
  • Способност и желба за учење и развивање.

Услови од компанијата:
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија;   
  • Одлична работна атмосфера, солидни и стабилни приходи, и можност за напредување;
  • Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот. 

Доколку сметате дека сте прилагодливи, сакате предизвик, имате позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да ги испратите Вашата професионална биографија на македонски јазик преку полето Брза Апликација со назнака “Теренски шпедитерски техничар/администратор” во насловот на пораката.

Огласот е отворен 30 дена од датумот на објавување. 

Напомена:
Апликациите без приложени документи (биографија) нема да бидат разгледувани. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. 
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Со самото аплицирање кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во апликацијата да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од Ред шпед ДООЕЛ во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде