Vrabotuvanje.com - Техничар за телекомуникации - Битола - ТЕЛИНКС ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Техничар за телекомуникации

Битола

Рок за пријавување:

ТЕЛИНКС е компанија со ИТ и Телекомуникациска дејност, со седиште во Битола, Р. Македонија. Компанијата е основана во 2015 година со цел да ги понуди најдобрите можни ИТ и Телекомуникациски услуги на пазарот.
Компанијата нуди широк спектар на услуги вклучувајќи: планирање и имплементација на ИТ и Телекомуникациски мрежи за станбени и деловни објекти (бакарни и оптички), структурно каблирање, техничко обезбедување, софтвер девелопмент, веб дизајн и девелопмент, мобилни апликации итн.
Во ТЕЛИНКС градиме тим коj се состои од професионалци со долгогодишно искуство во својот домен, специјализирани да ги пресретнат и обезбедат сите технички желби на секој индивидуалец.
Секогаш сме отворени и достапни за разговор, понуди, и помош околу вашите потреби и желби.
Спојот на луѓето и технологијата е нашето мото и наш двигател, од самиот почеток - засекогаш.

 

Имаме потреба од:

ТЕХНИЧАР ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

 

Опис на работни задачи:

  • Монтажа на телекомуникациска инсталација и опрема во станбени и деловни објекти
  • Инсталација на телекомуникациска опрема од оператори, кај корисници (модеми, ресивери инт.)
  • Монтажа и демонтажа на телекомуникациска опрема на/од бандери.

Бараме: 

  • Образование: најмалку ССС – предност техничка школа
  • Работно искуство: не е задолжително
  • Способност за работа со ситен рачен и електричен алат
  • Способност за работа на висина
  • Возачка Б категорија

Лични карактеристики и способности

  • Самоиницијативност и посветеност на работата
  • Подготвеност за индивидуална и тимска работа
  • Позитивен и проактивен пристап кон работата 
  • Доверлива и мотивирана личност, подготвена за совладување на повеќе различни задачи

 



Доколку сте заинтересирани Ве покануваме да ни доставите Ваша кратка биографија преку полето "Брза Апликација"

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде