Vrabotuvanje.com - СМТ Техничар (Oдржување) SMT Technician (Maintenance) - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

СМТ Техничар (Oдржување) SMT Technician (Maintenance)

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

 
КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. 
 
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Фолксваген, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ  и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
СМТ Техничар (Oдржување) SMT Technician (Maintenance) 
 

Работни задачи и одговорности:
  • Планирање и извршување на сите нивоа на превентивно и предиктивно одржување;
  • Решавање на секојдневни проблеми со функционалноста на опремата;
  • Изнаоѓање на решенија за минимизирање на времето на застој;
  • Развивање на решенија за да се намали повторната појава на проблеми со машините;
  • Дефинирање и управување со резервни и потрошни делови, како и контрола на процесите во поглед на постоечка како и новата опрема.

Образование, искуство, вештини:
  • ССС или ВСС електроника и мехатроника; 
  • Искуството со СМТопрема ќе се смета за предност;
  • Познавање на електричните шеми;
  • Развиени способности за решавање на приблеми на опремата;
  • Аналитички вештини;
  • Познавање на SAP или други MES системи ќе се смета за предност;
  • Познавање на MS Office, E-Mail - Outlook апликациите;
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Позицијата подразбира  работа во смени.

Што обезбедуваме:
  • Конкурентни примања на македонскиот пазар;
  • Здраво и безбедно работно опкружување;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Сигурност на вработувањето;
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан;
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " СМТ Техничар (Oдржување) SMT Technician (Maintenance ) " , преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде