Vrabotuvanje.com - Аналитичар за финансиска и кредитна контрола - Скопје - OКТА АД-Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Аналитичар за финансиска и кредитна контрола

Скопје

Рок за пријавување:

  • OКТА АД-Скопје

OКТА АД-Скопје (www.okta-elpe.com), како дел од една од најголемите групации во енергетскиот сектор – Групацијата Хеленик Петролеум и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, објавува оглас за следната работна позиција

Аналитичар за финансиска и кредитна контрола
1 (еден) извршител

РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
  • Анализа и контрола на финансиските податоци на компанијата;
  • Креирање и имплементација на буџетот за оперативни трошоци (Opex);
  • Следење и контрола на оперативни трошоци (Opex);
  • Креирање и имплементација на буџет за капитални инвестиции (Capex);
  • Следење и контрола на капитални инвестиции (Capex);
  • Кредитен мониторинг на нашите клиенти;
  • Учество во креирање и имплементација на Бизнис планот на компанијата;
  • Изготвување на сите законски и интерни финансиски извештаи;
  • Дефинирање, пресметка на соодветни финансиски показатели за спроведување на финансиска анализа;
  • Имплементирање и координирање на сите процедури за затворање на месецот и фискалната година;
  • Известување до Комисија за хартии од вредност и комуникација со инвеститори;
  • Извршување на други задачи во доменот на стручната квалификација.
     
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
  • Висока стручна спрема – ВСС, Економски факултет пожелно отсек финансиски менаџмент, сметководство и ревизија сл.;
  • Познавање МСС и МСФИ (меѓународни стандарди за финансиско известување);
  • Најмалку 3 години релевантно работно искуство во областа на финансиите;
  • Поседување ACCA сертификат ќе се смета за предност;
  • Напредно познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Одлично познавање деловен англиски јазик;
  • Познавање на грчки јазик ќе се смета за предност;
  • Претходно работно искуство со SAP информациски систем ќе се смета за предност.
 
ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
  • Одлични аналитички способности
  • Добри комуникациски и организациски вештини
  • Добри презентациски вештини
  • Ориентираност кон тимска работа
  • Способност за решавање проблеми и за работа со кратки рокови
  • Посветеност и ориентираност кон резултати
  • Ентузијазам и желба за напредување
 
НУДИМЕ:
  • Работа во позитивна работна средина со можност за напредување
  • Конкурентна плата и други бенефиции согласно политиката на компанијата 
  • Организиран превоз до работа
  • Организирана исхрана
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените критериуми, Ве молиме да доставите Ваша  кратка биографија (CV) на англиски јазик, мотивационо писмо, копија од Уверение за завршено потребно образование и копии од сертификати и од дипломи на следната електронска адреса: Okta_Career@helpe.gr  со назнака „За оглас – Аналитичар за финансиска и кредитна контрола”
 
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
 
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек!
 
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ОКТА АД Скопје.
 
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: Okta_Career@helpe.gr
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде