Vrabotuvanje.com - Работник во царински склад - Магационер - Ќојлија, Петровец - Ред шпед ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Работник во царински склад - Магационер

Ќојлија, Петровец

Рок за пријавување:

  • Ред шпед ДООЕЛ Скопје

РЕД ШПЕД ДООЕЛ Скопје, една од најуспешните професионални шпедиции, поради брз раст на компанијата и зголемен обем на работа има потреба од вработување на:

Работник во царински склад - Магационер (м)
1 Позиција

Локација: Ќојлија, Петровец
 
Одговорности и работни задачи:
  • Одговорен е за примање на стоката во магацинот;
  • Одговорен е за преземање, сместување, чување и евидентирање на стоката во магацинот;
  • Одговорен е за постојан надзор и контрола на стоката;
  • Одговорен е за состојбата на стоките и презема мерки за нивна заштита и безбедно чување во зависност од видот на стоката;
  • Одговорен е за подготовка на стоката во магацинот за испорака и проверка на истата;
  • Одговорен е за издавање на стоката од магацинот;
  • Во соработка со административен работник ја изработува неопходната документација за магацинско работење;
  • Врши утовар, истовар (манипулација) на царинска стока;
  • Одговорен е за помош при исполнување на дневните работни обврски на другите вработени во неговиот сектор;
  • Одговорен е за учествување во комисија за попис на стоката во магацин на неделно ниво;
  • Одговорен е за следење и применување на законските и подзаконските прописи, како и прописите на Друштвото од областа на магацинското и царинското работење; 
  • Одговорен е за вршење и на други сродни работи по налог на директен претпоставен и управител на Друштвото.

Потребни квалификации:
  • Завршено минимум ССС образование  
  • Задолжително претходно работно искуство од најмалку 1 година на иста или слична позиција во магацин
  • Задолжително искуство со управување со рачен палетер
  • Познавање на управување со електричен вилушкар ќе се смета за предност
  • Возачка дозвола Б категорија 

Профил на кандидатот:
  • Одлични способности за организација и планирање на работата
  • Независен во работата, способен за работа под временски притисок, истовремено фокусирање на повеќе активности и правилно одредување на приоритетноста на работните задачи
  • Аналитичен, способен за ефикасно решавање на проблемите, и ориентиран кон резултати
  • Високо-изразени социјални вештини, и способност за активно градење и одржување на професионални односи
  • Самоиницијативен, енергичен и исполнителен    

Услови од компанијата:
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија   
  • Одлична работна атмосфера, солидни и стабилни приходи
  • Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот 
  • Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа. 

Доколку ги исполнувате условите за работното место, и сметате дека сте прилагодливи, сакате предизвици, и имате позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да ги испратите Вашата професионална биографија на македонски јазик преку полето Брза Апликација со назнака “Работник во царински склад - Магационер” во насловот на пораката. Огласот е отворен 30 дена од датумот на објавување. 

Напомена:
Апликациите без приложена биографија нема да бидат разгледувани. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Ред шпед ДООЕЛ го задржува правото да не избере ниту еден кандидат. 

Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од Ред шпед ДООЕЛ во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде