Vrabotuvanje.com - Сервисер на фотокопири и принтери - Скопје - РИКОМАК КОПИР-СЕРВИС
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сервисер на фотокопири и принтери

Скопје

Рок за пријавување:

  • РИКОМАК КОПИР-СЕРВИС

Rikomak Copier Service ги бележи своите скромни почетоци од 1991 година, како единствен снабдувач, увозник, и сервисен центар на Nashua фотокопири во Република Македонија. Со зголемената побарувачка на решенија за печатење и копирање, во комбинација со професионализам и стручност на сервисниот центар, компанијата доживеа раст, a притоа континуирано го одржа нивото на квалитет.

Ја задржавме нашата позиција на пазарот со нагласување на важноста на квалитетот за нашиот бизнис, на исто ниво како и нашите ценети клиенти. Во суштина, ние се стремиме да им обезбедиме производи и услуги кои ги задоволуваат и дури ги надминуваат нивните очекувања. 

Посветени сме на континуирано усовршување и имаме воспоставено систем за управување со квалитет кој обезбедува рамка за мерење и подобрување на нашите перформанси.

СЕРВИСЕР НА ФОТОКОПИРИ И ПРИНТЕРИ
​Два извршитела

Потребни вештини и способности: 

  • Организациски способности
  • Професионален однос кон работа и клиенти
  • Тимска и самостојна работа
  • Верност, љубезност и комуникативност
  • Лојалност, флексибилност и енергичност
  • Позитивен став

Почетни задачи:

  • Континуиран тренинг за сервисирање на мултифункциски апарати
  • Инсталирање, одржување, поправки, ревизии и редовни прегледи на мултифункциски апарати
  • Испитување и целосна проверка на апаратите при теренска работа на повик

Потребни квалификации:

  • ​Образование - ССС
  • Работно искуство за сервисирање на фотокопири и принтери ќе се смета за предност
  • Познавање на механика
  • Солидно познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б - категорија - активно возење
  • Место на живеење - Скопје

Ние нудиме:

  • Редовна плата + бонуси од сработеното
  • Службен телефон и службено возило
  • Обезбедена обука
  • Работно време од понеделник до петок 08:00 - 16:30ч
     

Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил,
пратете Ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.

Повеќе информации на: www.rikomak.mk

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде