Vrabotuvanje.com - Сервисер на медицинска опрема - Скопје - ВИНОРА ДООЕЛ СКОПЈЕ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сервисер на медицинска опрема

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВИНОРА ДООЕЛ СКОПЈЕ
  • Адреса: 50 Дивизија бр.27, 1000 Скопје

Винора Дооел е фирма со 25 годишно постоење на македонскиот пазар специјализирана за продажба и сервис на висококвалитетна медицинска опрема. Фирмата располага со широк асортиман на медицинска апаратура и нуди соодветни решенија во различни области од медицината.

ОГЛАС

Реномирана фирма ВИНОРА ДООЕЛ Скопје, со долгогодишно искуство во продажба и сервис на медицинска опрема од познати германски произодители има потреба од 1 (едно) лице за позиција:

СЕРВИСЕР НА МЕДИЦИНСКА опрема

На огласот можат да конкурираат кандидати кои сметаат дека ги поседуваат долунаведените лични карактеристики и потребни квалификации:
  • Минимум средно електро техничко или ВСС, електро факултет, предност слаба  струја, телекомуникации
  • Пожелно претходно искуство од 1 година во слична или иста област
  • Активно познавање на  Office , Outlook Express и предност е познавање на  AutoCad
  • Познавање на технички англиски јазик (пишан и говор)
  • Комуникациски способности со клиенти
  • Способност за тимска работа;
  • Самоиницијативност;
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија (активен возач)
  • Желба за постојано учење и напредување во работата

Опис на работно место:

  • Сервисирање и пуштање во работа на медицинска опрема за која сме застапници
  • Работа на терен (низ цела држава)
  • Редовно известување на претпоставениот за завршените работни задачи, уредно водење на документација
  • Исполнување на предвидените задачи во предвиден рок

Нудиме:

  • Можност за сигурно и долгогодишно вработување
  • Работниот однос се заснова првично на определено време од 2 до 4 месеци, со можност за продолжување
  • Работен однос со 40 часа неделно со работно време од понеделник до петок
  • Постојана поддршка и помош од целиот тим на Работодавачот во периодот потребен за адаптација;
  • Динамична работна средина и работа со искусен  тим
  • Континуирано усовршување со обуки во странство (стручни, индивидулни,..)
  • Можност за учење и стекнување нови вештини и напредок доколку кандидатот покаже желба, знаење и способност да се носи со своите работни обврски;
  • Редовна плата- минимум 25.000,00 денари но износот ќе биде договорен соодветно на образовните квалификации и работното искуство

Доколку сметате дека Вие сте идеалната личност за оваа работна позиција, испратете ни го вашето CV  преку полето Брза Апликација со наслов: “за работна позиција Сервисер на медицинска опрема”.

Само кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде