Vrabotuvanje.com - Монтер на бакарна цевна инсталација и машинска опрема - Скопје - ВИНОРА ДООЕЛ СКОПЈЕ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Монтер на бакарна цевна инсталација и машинска опрема

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВИНОРА ДООЕЛ СКОПЈЕ
  • Адреса: 50 Дивизија бр.27, 1000 Скопје

Винора Дооел е фирма со 25 годишно постоење на македонскиот пазар специјализирана за продажба и сервис на висококвалитетна медицинска опрема. Фирмата располага со широк асортиман на медицинска апаратура и нуди соодветни решенија во различни области од медицината.

ОГЛАС

Реномирана фирма ВИНОРА ДООЕЛ Скопје, со долгогодишно искуство во продажба и сервис на медицинска опрема од познати германски произодители има потреба од 1 (едно) лице за позиција:

монтер на бакарна цевна инсталација и машинска опрема

На огласот можат да конкурираат кандидати кои сметаат дека ги поседуваат долунаведените лични карактеристики и потребни квалификации:
  • Минимум средно образование
  • Пожелно искуство со тврдо лемење
  • Работно искуство во во иста или слична област ќе се смета за предност;
  • Основно познавање на Word и Excel
  • Основни познавања на англиски јазик
  • Способност за тимска работа;
  • Самоиницијативност;
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија.

Опис на работно место:

  • Монтажа на бакарна цевна инсталација и повремени обиколки на истите согласно претходен план со претпоставен
  • Работа на терен (низ цела држава)
  • Одговорен за редовно известување на претпоставениот за завршените работни задачи, уредно водење на документација
  • Исполнување на предвидените задачи во предвиден рок

Нудиме:

  • Можност за сигурно и долгогодишно вработување
  • Работниот однос се заснова на пробен период од 1 месец, со можност за продолжување
  • Работен однос со 40 часа неделно со работно време од понеделник до петок од 07:30h до 15:30h
  • Постојана поддршка и помош од целиот тим на Работодавачот во периодот потребен за адаптација;
  • Динамична работна средина и работа со искусен  тим
  • Можност за напредок доколку кандидатот покаже желба, знаење и способност да се носи со своите работни обврски;
  • Можност за учење и стекнување нови вештини;
  • Континуирано усовршување со обуки во странство (стручни, индивидулни,..)
  • Редовна плата- минимум 23.000,00 денари но износот ќе биде договорен соодветно на образовните квалификации и работното искуство

Доколку сметате дека Вие сте идеалната личност за оваа работна позиција, испратете ни го вашето CV  преку полето Брза Апликација со наслов: “за работна позиција Монтер”.

Само кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде