Vrabotuvanje.com - Ракувач на бетонска пумпа - Скопје - ГД ГРАНИТ АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Ракувач на бетонска пумпа

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГД ГРАНИТ АД Скопје

ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија.

ГД Гранит АД Скопје има потреба од

Ракувач на бетонска пумпа - 2 извршители

Потребни квалификации: 
  • Средна стручна спрема
  • Пожелно е да има минимум 3 години работно искуство како ракувач на бетонска пумпа
  • Пожелно е да поседува уверение за ракување со бетонска пумпа 
  • Возачка дозвола Ц категорија
Клучни одговорности и задачи:
  • Доследно го применува упатството за ракување и одржување на транспортните и други возила и ги извршува сите работи предвидени со упатството за ракување и одржување на возилото и тоа: промена на уље, филтери, систем заладење, мерни инструменти, исправност на сопирачкиот систем, подмачкување, чистење, притегнатост на склопови, делови и друго и е одговорен за нивната доследна примена;
  • Должен е да ги обавува работните обврски возач на бетонска пумпа секаде каде што ке го упати раководителот за експлоатација на транспортни средства во Р Македонија и странство
  • Секојдневно ја проверува и контролира исправноста на транспортното средство со кое е задолжен и ги пополнува листите за секојдневна проверка на возилото 
  • Одговорен е за инструментите за калибрација (тахографот) во возилото како и да води грижа за истекот на рокот на важност на сертификатот за калибрација (тахограф) и благовремено да го извести непосредниот раководител за истекот на рокот на важност на сертификатот
  • Води грижа за важноста на техничкиот преглед на возилото: редовен и периодичен и навреме најавува припрема за технички преглед
Компанијата нуди:
  • Работен однос на определено време од 3 месеци со можност за продолжување.
  • Работата се извршува во Скопје и Кичево 
  • Основна Нето плата без прекувремени часови,додатоци и награди во висина од 21.000,00 денари
Личен профил:
  • Организираност и одговорност
  • Способност за тимска работа
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за работа под притисок и на кратки рокови
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 07,00 до 15,00 часот.

Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае десет работни дена од објавувањето. 
 
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk. 
 
За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на тел. бр. 02 3218-748.  и 071 227-218
 
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност вашите податоци да бидат задржани во базата на податоци на компанијата и користени од наша страна во рок од 6 (шест) месеци.
 
Само одреден број кандидати кои ги исполнуваат бараните критериуми ќе бидат повикани на интервју.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде