Vrabotuvanje.com - Раководител на магацин/Дистрибутер - Гевгелија - СКОПСКО ГРУП ДООЕЛ Кавадарци
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Раководител на магацин/Дистрибутер

Гевгелија

Рок за пријавување:

  • СКОПСКО ГРУП ДООЕЛ Кавадарци

Друштво за трговија, промет, производство и услуги
СКОПСКО ГРУП ДООЕЛ Кавадарци

Ние сме локален лидер на пазарот за дистрибуција на алкохолни и безалкохолни пијалаци. За потребите на нашиот дистрибутивен центар во Гевгелија имаме потреба од комуникативни, динамични личности ориентирани кон резултати за работни места:
 
 
1. Раководител на магацин 
дистрибутивен центар Гевгелија
 
 
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
  • Минимум средно образование, економски или природно математички смер. Економски факултет или организациони науки ќе се сметаат за предност
  • Претходно работно искуство како Магационер ќе се смета за предност
  • Напредно познавање на Ms. Office платформа (Excel, Word, Outlook)
  • Работа со софтверски програми. Брзо учење и адаптирање на посебни софтверски програми
  • Возачка дозвола Б категорија 
  • Искуство со управување со виљушкар ќе се смета за предност. 
  • Одлични организациони способности
  • Педантност во изготвување, складирање и чување на документи
  • Одлично раководење со тим и учество во тимски решенија и работа 
  • Одговорност, лојалност, професионалност
  • Смиреност, сталоженост, комунукативност
  • Точност и ефективна употреба на работното време
Опис на работно место:
  • Прием, складирање и издавање на роба
  • Следење на рокови, минимални/максимални залихи и набавка на роба
  • Прием и распоредување на нарачки
  • Изготвување и следење на фактури
  • Изготвување на товарни листови и организација на тимот за дистрибуција на нарачки
  • Следење на дистрибуција
  • Управување со виљушкар
  • Следење на исправноста и организација на тековни одджувања на возилата 
  • Грижа за уредноста и хигиената во магацинот 
  • Следење, соодветно складирање и организација за поврат на амбалажа 
  • Изготвување на документи за следење на работата во магацинот
  • Почитување на правилата и процедурите во работењето
  • Извршување на други задачи зададени од претпоставените или управителот
 
2. Дистрибутер
реон Гевгелија
 
 
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
  • Минимум средно образование
  • Претходно работно искуство како дистрибутер ќе се смета за предност
  • Брзо учење и адаптирање на посебни софтверски програми
  • Возачка дозвола Ц категорија 
  • Искуство со управување со виљушкар ќе се смета за предност. 
  • Одлични организациони способности
  • Педантност во изготвување, складирање и чување на документи
  • Одлично учество во тимски решенија и работа 
  • Одговорност, лојалност, професионалност
  • Смиреност, сталоженост, комунукативност
  • Точност и ефективна употреба на работното време
Опис на работно место:
  • Организација на дистрибуција на нарачки
  • Припрема, дистрибуција и продажба на роба и рекламни материјали
  • Водење на евиденција за продажба на производи и амбалажа
  • Секојдневно задолжување и раздолжување на производи и амбалажа
  • Следење на рокови
  • Изготвување и следење на фактури, испратници, фискални сметки
  • Спремање на извештаи за продажба – дневни, месечни и периодични
  • Управување со виљушкар
  • Грижа за уредноста и хигиената во магацинот 
  • Почитување на правилата и процедурите во работењето
  • Извршување на други задачи зададени од претпоставените или управителот
Работната недела е 5 дена од понеделник до петок. Полното работно време изнесува 40 часа неделно, а работниот ден трае 8 часа со почеток од 07:00 часот до 15:00 часот. Oсновна нето плата + бонуси.
 
Компанијата нуди одлични услови за работа, одлични можности за кариера. Изборот ќе се врши по претходно интервјуирање и тестирање на кандидатите.
 
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови, потребно е да испратат резиме (CV) и мотивационо писмо, со назначување дека аплицира за РЕОН ГЕВГЕЛИЈА, најдоцна до 18ти Октомври 2021 год. преку полето Брза Апликација.
 
Сите кандидати кои ќе ги достават бараните документи, 
имаат подеднакви шанси за вработување
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде