Vrabotuvanje.com - Кредитен аналитичар - Скопје - УНИ БАНКА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Кредитен аналитичар

Скопје

Рок за пријавување:

  • УНИ БАНКА


 

В Р А Б О Т У В А М Е

Кредитен аналитичар во Дирекција Корпоративно банкарство


УНИ Банка нуди можност за вработување на искусни и мотивирани кредитни аналитичари со желба за работа во динамична атмосфера и одлични услови за развој.
 
Доколку сте одговорна, прецизна и активна личност, ориентирана кон остварување на високи резултати, придружете се и Вие кон успешниот тим на професионалци!
 

Потребни квалификации:
  • Диплома за завршено високо образование – Економски факултет;
  • Работно искуство од најмалку 1 година во финансиски институции;
  • Работно искуство во изготвување на финансиски анализи на правни субјекти ќе има приоритет при изборот;
  • Добро познавање на економските трендови и аналитички способности во областа на корпоративниот сектор;
  • Афинитети за тимска работа;
  • Добро познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на Microsoft Office;
  • Возачка дозвола Б категорија.
Основни работни активности:
  • Управување со корпоративните клиенти на банката;
  • Изработување комплетна анализа и проценка на финансиската и економската состојба на корпоративните клиенти на банката;
  • Директна комуникација со корпоративните клиенти на банката;
  • Презентација на кредитните барања до надлежните органи на одлучување на банката;
  • Следење на договорните обврски на корпоративните клиенти на банката;
  • Унапредување на соработката со постоечките клиенти на банката. 
 
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
 
Заинтересираните кандитати да испратат e-mail на jobs@unibank.com.mk најдоцна до 27.10.2021 година
 
Се согласувам Банката да може да ги собира, обработува и чува моите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.
 
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: zlp@unibank.com.mk  
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Банкарство изнесува 34.278 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде