Vrabotuvanje.com - Електричар - Велес - БРАКО ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Велес

Рок за пријавување:

  • БРАКО ДОО


БРАКО е македонска металопреработувачка компанија која е основана во 1947 година и која произведува огромен асортиман на производи. Денес БРАКО е извозно ориентирана компанија со преку 500 вработени, каде над 90% од производите се наменети за извоз и претставува претпознатлив бренд за производство на секаков вид жичани производи, тешки метални конструкции (куќишта за хидро турбини, модуларни контејнери итн.), широка палета на медицински мебел и медицински помагала како и претпознатливите возила за чистење улици и јавни површини чие производство, склопување и развој се врши во Република Македонија.
 
 
За потребите на одделот за електро одржување БРАКО има потреба од 3 (тројца) работници на работната позиција:

ЕЛЕКТРИЧАР

Работни задачи:

  • Инсталирање и одржување на електрични машини и опремата за производство
  • Редовно превентивно/предиктивно одржување на електричната опрема и опремата за производство
  • Обезбедување и извршување на вонредни/непланирани поправки на електрична опрема за време на производството и изведување закажани поправки за одржување на електрична опрема
  • Дијагностицирање проблеми, замена и поправка на делови, тестирање и прилагодување на истите
  • Одржување на редовна евиденција за извршената работа, евиденција на потрошените резервни делови и предлага нарачка на нови
  • Изведување на едноставни електричaрски должности и одговорности на постројката

Потребно образование и способности:

  • Минимум средно образование од техничките струки
  • Способност за читање на техничка документација
  • Способност за прецизна работа со детали
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови

Што нудиме:

  • Можност за работа во современа работна средина, со современи машини и алати
  • Можност за надградување и напредок во кариерата преку посета на саеми и семинари
  • Компетитивен социјален пакет
 
Доколку сте заинтересирани за кариера во нашата компанија испратете ја вашата работна биографија преку полето Брза Апликација.
 
Само кандидатите кои ќе влезат во потесна селекција ќе бидат контактирани.
Прашања и повеќе информации на тел. 075 293 691.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Електротехника изнесува 22.219 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде