Vrabotuvanje.com - Заварувач / Оператор на CNC машина - Велес - БРАКО ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Заварувач / Оператор на CNC машина

Велес

Рок за пријавување:

  • БРАКО ДОО

БРАКО е македонска металопреработувачка компанија која е основана во 1947 година и која произведува огромен асортиман на производи. Денес БРАКО е извозно ориентирана компанија со преку 500 вработени, каде над 90% од производите се наменети за извоз и претставува претпознатлив бренд за производство на секаков вид жичани производи, тешки метални конструкции (куќишта за хидро турбини, модуларни контејнери итн.), широка палета на медицински мебел и медицински помагала како и претпознатливите возила за чистење улици и јавни површини чие производство, склопување и развој се врши во Република Македонија.
 
 
Поради зголемен обем на работа имаме потреба од работници на следните работни позиции:
 

ЗАВАРУВАЧ
 

Работни задачи:

  • Прием на налог и технички цртеж за работа
  • Проверка на апаратот за заварување и поставување на параметри за заварување,
  • Проверка и складирање на заварената конструкција

Потребно образование и способности:

  • Работно искуство во заварување
  • Најмалку ССС
  • Познавање на постапка за заварување

 
ОПЕРАТОР НА CNC МАШИНА
 

Работни задачи:

  • Прием и налог на технички цртеж за работа
  • Поставување на суровината на машина
  • Подесување на параметри на машина
  • Надгледување на работата на машината

Потребно образование и способности:

  • Најмалку ССС – (Машинска струка ќе се смета за предност)
  • Задолжително познавање со работа на шублер
  • Читање на технички цртеж ќе се смета за предност
  • Познавање со работа на контролери Fanuc / Siemens / Haidenhain ќе се смета за предност
  • Работно искуство во производство, работа на CNC глодалка или струг ќе се смета за предност

Што нудиме:

  • Обезбедена кетеринг исхрана
  • Можност за работа во современа работна средина и на најсовремени машини
  • Компетитивен социјален пакет
  • Соработка со докажани интернационални партнери
 
Доколку сте заинтересирани за кариера во нашата компанија испратете ја вашата работна биографија преку полето Брза Апликација.
 
Само кандидатите кои ќе влезат во потесна селекција ќе бидат контактирани.
Прашања и повеќе информации на тел. 075 293 691.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде