Vrabotuvanje.com - Машински инженер во секторот за машинско одржување - Велес - БРАКО ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Машински инженер во секторот за машинско одржување

Велес

Рок за пријавување:

  • БРАКО ДОО

 
БРАКО е македонска металопреработувачка компанија која е основана во 1947 година и која произведува огромен асортиман на производи. Денес БРАКО е извозно ориентирана компанија со преку 500 вработени, каде над 90% од производите се наменети за извоз и претставува претпознатлив бренд за производство на секаков вид жичани производи, тешки метални конструкции (куќишта за хидро турбини, модуларни контејнери итн.), широка палета на медицински мебел и медицински помагала како и претпознатливите возила за чистење улици и јавни површини чие производство, склопување и развој се врши во Република Македонија.
 
 
Поради зголемен обем на работа и надградување на секторот за машинско одржување  имаме потреба од :
 

МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР ВО СЕКТОРОТ ЗА МАШИНСКО ОДРЖУВАЊЕ

 
Работни задачи и способности:
  • Одржување на CNC машини (глодалки, стругови, плазма, апкан, ексцентар и хидраулични преси)
  • Решавање на проблеми, дефекти и поправки во тековно и превентивно одржување на машини и опрема
  • Одлични аналитички, комуникациски и организациски способности
  • Способност за тимска работа
  • Динамичност, ефикасност и флексибилност во работата
  • Способност за одржување на високо ниво на континуитет во работењето
 
Потребно образование и способности:
  • Дипломиран машински инженер
  • Најмалку 3 години работно искуство во делот на одржување на машини и опрема
  • Познавање на работа во AutoCad и SolidWorks
  • Напредно познавање на работа во MS Office пакетот
  • Возачка дозвола Б-категорија
 
Што нудиме:
  • Можност за работа во современа работна средина и на уникатна проблематика
  • Можност за постојано надградување и напредок во кариерата преку учество на интерни и надворешни обуки и семинари како и посета на саеми
  • Компетитивен социјален пакет
  • Соработка со докажани интернационални партнери
 
Доколку сте заинтересирани за кариера во нашата компанија испратете ја вашата работна биографија преку полето Брза Апликација.
 
Само кандидатите кои ќе влезат во потесна селекција ќе бидат контактирани.
Прашања и повеќе информации на тел. 075 293 691.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде