Vrabotuvanje.com - Дистрибутер / Возач - Скопје - АТОМЕМ ДОО СКОПЈЕ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дистрибутер / Возач

Скопје

Рок за пријавување:

  • АТОМЕМ ДОО СКОПЈЕ


Од самото основање па се до денес, Нашата компанија АТОМЕМ ДОО е компанија која овозможува врвна услуга во областите на продажба, дистрибуција и логистика користејќи ги најсовремените идеи, можности и ресурси.

Во своето долгогодишно работење, покажуваме професионалност, ориентираност кон нашите деловни партнери, како и обезбедување максимална дополнителна вредност за финалните потрошувачи. Долгогодишното искуство и доверба помеѓу домашните и странските соработници, на нашата компанија и овозможуваат стабилен и перманентен раст, комбиниран со позитивна енергија, флексибилност и креативност.

Огромното искуство овозможи технолошка комплетна понуда на напредни производи и врвен квалитет, поткрепени со стандарди за еколошка безбедност и заштита на човековата средина. Супериорната визуелна препознатливост на продажните места, потполното задоволство на потрошувачите и победничкиот дух на нашиот продажен тим остануваат нашите главни приоритети во тековното успешно работење.

Атомем ДОО Скопје во моментов има потреба од следната работна позиција:

Дистрибутер / возач

Услови:

  • Работно искуство од најмалку 2 години во дистрибуција од широка потрошувачка;
  • Место на живеење - Скопје;
  • Задолжително е поседување на возачка дозвола со Ц категорија.

Личен профил:

  • Комуникативност, организираност и одговорност;
  • Динамични лица;
  • Способност за работа на терен;
  • Способност за тимска работа;
  • Способност за работа со дадени рокови и работа под притисок.

Одговорности и задачи:

  • Одговорен за навремена и точна достава на производите до крајната цел;
  • Внимателна испорака на производите;
  • Одговорен за протокот на документацијата;
  • Уредно чување на возилото, грижа за техничката исправност на возилото;
  • Се грижи за хигиенската состојба на возилото;
  • Извршува сродни работи по налог на претпоставен раководител.

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа;
  • Атрактивна плата;
  • Можност за напредок.

Огласот е активен 15 дена од денот на објавувањето.

Вашата професионална биографија (CV) и Писмо за мотивација можете да ги испратите преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака на апликацијата „за Дистрибутер / Возач“.
 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде