Vrabotuvanje.com - Готвач - Ресорт Маврово, с.Маврово - Ресорт Маврово
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Ресорт Маврово, с.Маврово

Рок за пријавување:

  • Ресорт Маврово

Ние сме планински ресорт, едно сме со природата, работиме и живееме за планината. Нашите гости се наше најголемо богатство и наша мисија е нивната среќа. Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово) е место за одмор и рекреација на фамилии со деца, спортски припреми на професионални спортски организации и канцеларија за работа на индивидуалци и организации во сите годишни времиња.

Нашите вработени се нашето лице на љубезност, гостопримство и беспрекорна услуга поради кои, гостите доаѓаат како гости, а си заминуваат како наши пријатели.

 
Ресорт Маврово ДОО вработува
 
ГОТВАЧ
(за работен однос на подолг временски период или сезонска работа)

 
 

Работни одговорности на Готвач во Ресорт Маврово ДОО:

  • Подготвува храна во согласност со нарачките од гостите во ресторанот;
  • Раководи со залихите на производи;
  • Ја организира работата во кујна;
  • Други одговорности соодветни на работното место Готвач.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

  • Да е љубезна, ведра и насмеана личност;
  • Лојалност и чесност;
  • Проактивна, вредна и енергична личност;
  • Одговорност и посветеност кон работата,
  • Тимски играч и колегијалност;
  • Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;
  • Личност која со ентузијазам ќе ги учи и применува работните задачи;
  • Желба за личен раст и развој;
  • Брзина и спретност;
  • Педантност во работатa;
  • Организациски и лидерски вештини.

Потребни квалификации и одговорности:

  • Потребно е работно искуство од мин. 3 години како готвач;
  • Добро познавање на македонска и странски кујни;
  • Способност за работа со шведска маса, пансионски оброци и ‘A la carte’;
  • Работа во две смени.

Доколку станете наш вработен добивате:

  • Сместување и 3 оброци;
  • Платени трошоци за превоз;
  • 8 слободни денови во месецот;
  • Можност за користење на теретана;
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
  • Можност за напредок, награди и бонуси;
  • Обуки и тим билдинг активности;
  • Бесплатна карта за жичарница.

Локација:  Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време

Како да аплицирате:

Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо на следниот меил: hr@resortmavrovo.com и во subject наведете Готвач.
Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово.

Рок за пријавување на огласот: 30.11.2021

Disclaimer:

  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
  • Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
  • Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде