Vrabotuvanje.com - Инженер - Архитект - Скопје - ГОЛДЕН АРТ ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Инженер - Архитект

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГОЛДЕН АРТ ДОО

Golden Art е продолжение на семејната традиција која се протега четири генерации наназад. Од манастирите и црквите во источниот дел на Македонија, преку изградбите на објекти во струмичкиот, гевгелискиот и валандовскиот регион до неколкугодишната работа и непроценливото искуство на градилиштата во Германија, вложениот труд на нашите семејни предци беше мотив за отворање на сопствена градежна компанија. Приказната на Golden Art започна во 2005 година. По многу предизвици и меѓународно искуство, зад нас оставаме над 55 комплетирани референтни објекти во Македонија и Црна Гора, а нашиот тим веќе брои повеќе од 150 посветени вработени кои ја спојуваат својата вештина со најквалитетните материјали на пазарот – по светски стандарди.

Задоволството на клиентот е наша најголема мотивација, па затоа, нашата репутација ја градиме со квалитет и посветеност во изградбата, истовремено нудејќи ги најиновативните решенија за сѐ што Вам Ви е потребно, од проектна документација и ентериерно обликување, до изведба на најсложените објекти во секторот високоградба.

16 години работиме со љубов и максимална посветеност. 16 години ги градиме Вашите домови од соништата.

ИНЖЕНЕР - АРХИТЕКТ

 
Кратка Содржина: Друштво за градежништво, производство, трговија и услуги Голден Арт ДОО-Скопје има потреба од вработување на дипломирани инженери  архитекти со минимум работно искуство од две години, со силни комуникациски и организациски, технички, дигитални и креативни вештини.
 
Област: Градежништво и архитектура
Број на работни места: 1
Тип на вработувањеНеопределено
Плата30 000 денари
 
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
 
  • Завршено високо образование ВСС – Архитектонски факултет
  • Работно искуство од минимум две години во областа на проектирање и изведба на објекти од високоградба.
  • Поседување на овластување Б за проектна документација и овластување Б за изведба на градби (Овластувања А и овластувања за надзорен инженер за градби ќе се сметаат за предност).
  • Одлично познавање и работа со компјутерските програми: MS Office, AutoCad, ArchiCAD, 3ds Max, Adobe Photoshop и др.
  • Познавање на Англиски јазик
  • Комплетно менаџирање на проекти и работни задачи, водење на постапки за одобрение за градба, почитување на работните правила, посветеност и одговорност во извршување на работните задачи, силни комуникациски и организациски вештини, колегијалност и тимска работа.
  • Возачка дозвола Б категорија
 
 

Заинтересираните кандидати да достават биографија-CV и мотивационо писмо, преку полето Брза Апликација.
Кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови ќе бидат повикани на интервју.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Архитектура изнесува 25.340 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде