Vrabotuvanje.com - Референт за домашни и меѓународни тендери во Служба Припрема - Скопје - ГЕИНГ ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Референт за домашни и меѓународни тендери во Служба Припрема

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГЕИНГ ДОО Скопје
 
 
 
Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина.

Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје има потреба од вработување на:
 
Оглас за работна позиција: Референт за домашни и меѓународни тендери во Служба Припрема

 
Минимум потребни квалификации: 
  • Образование: ВСС (пожелно Правен факултет)
  • Работно искуство: најмалку 2 години работно искуство во правни работи и јавни набавки
  • Одлично познавање на пишан и говорен Англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office пакетот
  • Возачка дозвола - Б категорија

Дополнителни квалификации/вештини:
  • Организациски и комуникациски вештини, презентациски вештини и искуство во подготовка на извештаи, способност за тимска работа, внимателна личност и ориентираност кон детали, вештини за решавање проблеми и позитивен став кон работата.

Опис на работни задачи: 
  • Обезбедување поддршка при подготовка на документација за учество на домашни тендери во согласност со барањата на тендерот и воспоставените процедури
  • Изработка, анализа на секаков вид на писмена документација поврзана со јавните набавки со посебен акцент на договорните услови од тендерската документација 
  • Помагање во административно, финансиско и техничко следење на подготовката на тендерите
  • Одржување на базата на податоци на Службата
  • Извршување широк спектар на административни задачи и поддршка, како што се координација, планирање, толкување за време на состаноците и превод на релевантни документи и кореспонденција

Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:
  • По електронска пошта преку полето Брза Апликација
  • По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје, најдоцна до 30.11.2021 година.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор. 
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде