Vrabotuvanje.com - Референт за продажба (на станови) - Скопје - Фабрика „Карпош“
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Референт за продажба (на станови)

Скопје

Рок за пријавување:

  • Фабрика „Карпош“

Фабриката „Карпош” е производител на елементи за урбана опрема почнувајќи од бетонски декоративни плочи со различни димензии за уредување партери, тротоари, паркинзи, па сè до сложени монтажни конструктивни елементи за изведба на различни видови објекти. Освен тоа, фабриката „Карпош” е специјализирана за проектирање и за производство на монтажни конструктивни елементи за изградба на крупнопанелни згради, семејни куќи, индустриски објекти, армиранобетонски мостови, ПТТ-столбови, далноводи и трафостаници, вибропресувани цевки и шахти, центрифугирани шипови, железнички прагови од преднапрегнат бетон, бетонска галантерија, како и изработка на бетонски и армиранобетонски елементи по порачка.

Денес, фабриката „Карпош” е организација која може да им понуди на инвеститорите проекти, монтажни конструктивни елементи, техничка подготовка и изведба која подразбира висока технологија, квалитет и прифатлива цена. Фабриката „Карпош” има добиено сертификат за квалитет ИСО 9001 со кој се потврдува коректноста во водењето на работата. Особено таа е организација каде што се изнаоѓаат одредени решенија за соодветни градежни проблеми за да се реализираат специфичните барања на секој клиент.


​Фабрика КАРПОШ АД Скопје има потреба од вработување на:

 
Референт за продажба (на станови)

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование
  • Претходно работно искуство на истата позиција
  • Познавање на работа со компјутери
  • Пожелно е да поседува возачка дозвола Б - категорија

Опис на работните обврски:

  • Канцелариска и теренска работа со клиенти
  • Реализирање приоритети на станбени згради

Личен профил:

  • Одговорна и организирана личност 
  • Лојалност и професионален пристап кон работата
  • Иницијативност, посветеност и амбициозност
  • Колегијалност и работа во тим

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги достават електронски преку полето Брза Апликација.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде