Vrabotuvanje.com - Салатер - Ресорт Маврово, с.Маврово - Ресорт Маврово
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Ресорт Маврово, с.Маврово

Рок за пријавување:

  • Ресорт Маврово

Ние сме планински ресорт, едно сме со природата, работиме и живееме за планината. Нашите гости се наше најголемо богатство и наша мисија е нивната среќа. Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово) е место за одмор и рекреација на фамилии со деца, спортски припреми на професионални спортски организации и канцеларија за работа на индивидуалци и организации во сите годишни времиња.

Нашите вработени се нашето лице на љубезност, гостопримство и беспрекорна услуга поради кои, гостите доаѓаат како гости, а си заминуваат како наши пријатели.

Ресорт Маврово ДОО вработува

САЛАТЕР ВО КУЈНА
(за работен однос на подолг временски период или сезонска работа)
 
 

Работни одговорности на Салатер во Ресорт Маврово ДОО:

  • Подготвува храна во согласност со нарачките од гостите во ресторанот;
  • Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор согласно стандардите;
  • Помага при извршување на задачите зададени од главниот готвач;
  • Други одговорности соодветни на работното место Салатер.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

  • Лојалност и чесност;
  • Проактивна, вредна и енергична личност;
  • Одговорност и посветеност кон работата,
  • Тимски играч и колегијалност;
  • Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;
  • Личност која со ентузијазам ќе ги учи и применува работните задачи;
  • Желба за личен раст и развој;
  • Брзина и спретност;
  • Педантност во работата.

Потребни квалификации:

  • Искуство од мин. 1 година работа во кујна;
  • Познавање на основната работа во кујна;
  • Способност за подготовка на разни салати;
  • Работа во две смени.

Доколку станете наш вработен добивате:

  • Сместување и 3 оброци;
  • Платени трошоци за превоз;
  • 8 слободни денови во месецот;
  • Можност за користење на теретана;
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
  • Можност за напредок, награди и бонуси;
  • Обуки и тим билдинг активности;
  • Бесплатна карта за жичарница.

Локација:  Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време

Како да аплицирате:

Пратете ни ја Вашата комплетна апликација (CV, Мотивационо писмо, Диплома од последно завршено образование, Сертификати соодветни за работната позиција, Препораки од претходни работодавачи) на следниот меил: hr@resortmavrovo.com и во subject наведете „Салатер за сезонска работа или подолг временски период“.

Лице за контакт: Димитрија Ристевски – Сектор за Човечки ресурси, Ресорт Маврово.

Рок за пријавување на огласот: 31.12.2021

Disclaimer:

  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
  • Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
  • Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
  • Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде