Vrabotuvanje.com - Соработник за контрола на квалитет - Скопје - Кам маркет
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Соработник за контрола на квалитет

Скопје

Рок за пријавување:

  • Кам маркет

 
КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа. 
 
Со цел проширување на тимот во одделението за контрола на квалитет, бараме личности кои ќе се придружат на нашиот тим на следните работни позиции:
 
СОРАБОТНИК ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ
 
Ваши задачи:
  • Водење на процеси во обезбедување на квалитет,
  • Водење на микробиолошки и хемиско-технолошки контроли на наши производи и процеси,
  • Консалтинг и активна соработка при решавање на технолошки задачи,
  • Интерно процесуирање на рекламации од потрошувачи, процесурање на рекламации кон добавувачи
  • Соработка со надлежни органи и задруженија,
  • План, контрола и информирање за процесот ХАСАП во цела фирма,
  • Контрола на прием на артикли во магацин согласно годишниот план
  • Посета и контрола на производните процеси и услови кај добавувачите, согласно годишниот план за контроли
  • Организирање на дегустации на производи, извештаи од извршени проверки на квалитет
  • Останати обврски по налог на претпоставено лице од делокругот на работење
 
Вашиот профил:
  • Завршено високо образование-Технолошко-металуршки, насока биотехнологија или Земјоделски факултет-технолог за храна или општа насока 
  • Најмалку 5 год работно искуство во областа, предност ќе имаат кандидати со работно искуство во производство 
  • Доверливост, аналитичност, педантност и точност. Мотивирани, добро организирани со развиено чувство за координирање на трошоци и економичност,
  • Одлично познавање на англиски јазик, а за предност ке се смета познавање на германски јазик,
  • Познавање на МС Офис,
  • Возачка дозвола –Б категорија 
 
Ние Ви нудиме:
  • Обемно воведување во работата со обука која ветува напредок и успех во работата. Интензивно ќе бидете обучувани и ќе се запознаете со инструменти коишто подоцна ќе Ви бидат потребни при самостојно извршувањето на Вашите деловни задачи
  • Предвидена атрактивна плата + дополнителен бонус зависно од успешноста во извршувањето на работните задачи;
  • Дополнителен годишен бонус на база на реализирани таргети
  • Исплата на регрес во износ 3 пати поголем од законски пропишаниот;
  • Слободен ден за роденден
  • Платено приватно здравствено осигурување за вработени кои работат над 2 години во Кам;
  • Ваучер за склучување на брак; пакет производи за Бадник и Велигден
  • Попуст за вработени во нашиот хотел Вилиџ во Охрид;
  • Работа во интернационална компанија,динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул. Индустриска бб (товарна) 1000 Скопје или на E-mail: personal@kam.com.mk
 
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата нова интернет страница
 
Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе влезат во потесниот избор и ќе бидат контактирани.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде