Vrabotuvanje.com - Супервизор контролор / Овластен сметководител - Скопје - ТОЛЛАКС ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Супервизор контролор / Овластен сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • ТОЛЛАКС ДОО
  • Адреса: Бул.Јане Сандански бр.82 лок.59 Аеродром, 1000 Скопје
 

Супервизор контролор
овластен сметководител

 

СУпервизор - контролор

 

Локација: Скопје (строг Центар, Капиштец, Драчево, Кисела Вода, Дебар Маало, East Gate Mall, ГТЦ, Црниче, Тафталиџе, Маџари)

Работни обврски

  • Контрола на продажни места-поставеност на роба, 
  • Комуникација со вработените
  • Распоред на смени
  • Грижа за сопствени брендови
  • Едукација на вработени
  • Редовна контрола на залиха преку пописи

Потребни квалификации:

  • Работа во трговија како супервизор или менаџер на малопродажни објекти минимум 2 години,
  • Минимум средно образование (ССС) или високо образование (BCC),
  • Познавање на MS OFFICE  пакет,
  • Возачка дозвола Б категорија.

Личен профил:

  • Вредна и одговорна личност
  • Ведрина, љубезност и комуникативност
  • Лојалност, флексибилност и енергичност
  • Способност за индивидуална и тимска работа.

​Основна нето плата се определува во зависност од претходното работно искуство, со можност за зголемување во однос на работната успешност согласно нормите поставени од страна на компанијата.

Компанијата го задржува правото да не ги контактира кандидатите кои нема да ги исполнат горенаведените квалификации.

Овластен сметководител:

Опис на работното место:

  • Комплетно водење на сметководственото работење и контрола на целокупниот сектор согласно законската регулатива како и сметководствените политики на фирмата.
  • Следење и наплата на побарувањата од сите правни лица за купопродажба на стоки.
  • Изготвување неделен план за плаќање и реализирање на налози во електронско банкарство.
  • Изготвување на неделни и месечни извештаи за Генералниот директор;
  • Ги изготвува во предвидените рокови сите извештаи кои согласно законската регулатива треба да се достават до Министерство за финансии-УЈП, НБРМ, Царинска управа, Статистика, Завод за вработување и комуникација со истите.
  • Изготвување на документација за Плата, пресметка на ДДВ и Данок на добивка.
  • Ги врши сите подготвителни работи во врска со годишната сметка и изготвување на истата заедно со финансовиот директор;
  • Извршување на сите други задачи и барања од страна на Генералниот директор и во рамки на сметководството и финансиите.

 

Професионални знаења и способности

Добри аналитички способности, уредност и одговорност; Умешност да се работи со голем број информации; Работа во куси временски рокови; Способност за индивидуална и тимска работа; Одговорна и лојална личност. Плата Солидна по договор

Потребни квалификации

Уверение за овластен сметководител; Минимум 3 години работно искуство; Познавање и користење на англиски јазик, се смета за преднос; Одлично познавање и работа со Excel.

 

Ако сте заинтересирани да учествувате во процесот на регрутација, испратете CV преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде