Vrabotuvanje.com - Извршител за заштита при работа и заштита на животна средина - Велес - БРАКО ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Извршител за заштита при работа и заштита на животна средина

Велес

Рок за пријавување:

  • БРАКО ДОО


БРАКО е македонска металопреработувачка компанија која е основана во 1947 година и која произведува огромен асортиман на производи. Денес БРАКО е извозно ориентирана компанија со преку 500 вработени, каде над 90% од производите се наменети за извоз и претставува претпознатлив бренд за производство на секаков вид жичани производи, тешки метални конструкции (куќишта за хидро турбини, модуларни контејнери итн.), широка палета на медицински мебел и медицински помагала како и претпознатливите возила за чистење улици и јавни површини чие производство, склопување и развој се врши во Република Македонија.
 
 
Поради зголемен обем на работа БРАКО ДОО Велес има потреба од:
 
ИЗВРШИТЕЛ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА
 
 

Потребно образование и способности:

  • ВСС Дипломиран инженер за заштита при работа, инженер по заштита на животна средина или дипломиран инженер од техничките струки
  • Предност ќе имаат кандидатите кои поседуваат уверение за положен стручен испит за безбедност при работа или кандидат кој ќе ги исполнува условите за добивање на уверението
  • Предност ќе имаат кандидатите со работно искуство во производствена компанија
  • Предност ќе имаат кандидатите со лиценца за експерт за оценка на влијание врз животна средина
  • Работно искуство од најмалку 2 (две) години, на исто или слично работно место
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери
  • Да поседува возачка дозвола Б категорија/активен возач

Работни задачи:

  • Ги следи законите од областа на безбедност и здравје при работа
  • Ги следи законите од областа на животна средина
  • Изработува документација за заштита на животна средина, безбедност и здравје при работа и социјални аспекти за учество за тендер/тендерска постапка
  • Изработува документација за заштита на животна средина, безбедност и здравје при работа и социјални аспекти согласно проектна документација за Проекти во согласност со македонските закони, и барањата на Европска и Светска банка
  • Ја координира заштитата при работа компанијата и води евиденција за сите активности за заштитата при работа
  • Соработува со надлежните републички и општински инспекциски служби од областа на безбедност и здравје при работа и животна средина
  • Соработува со специјализирани медицински установи со цел организирање систематски прегледи на работниците
  • Врши контрола на градежните објекти и укажува на можни опасности предизвикани од неисправноста на уредите и орудијата за работа  или неприменување на мерките за заштита при работа
  • Предлага забрана за изведување одредени работи на објекти и погони ако тие непосредно се опасни по животот и здравјето на работниците
  • Изготвува анализи за повредите, професионалните и општи заболувања, предлага мерки за превенција од истите
  • Спроведува мерки за заштита на вработените согласно Законска регулатива и барањата на Проектите
  • Спроведува мерки за заштита на животна средина согласно Законска регулатива и барањата на Проектите
  • Спроведува на мониторинг во животна средина од акредитиирана компанија за мерење во животна средина
  • Изработка на месечни, квартални годишни извештаи согласно барањата на менаџментот
  • Спроведува постапки поврзани со социјални аспекти

Вештини:

  • Problem solving менталитет
  • Способност за тимска работа
  • Одлични комуникациски вештини
  • Способност за едукација на вработените за работите поврзани со заштитата при работа и заштитата на животната средина

Што нудиме:

  • Можност за работа во современа и динамична работна средина и на уникатна проблематика
  • Можност за постојано надградување и напредок во кариерата преку учество на интерни и надворешни обуки и семинари како и посета на саеми
  • Примамлив социјален пакет
  • Соработка со докажани интернационални партнери
 
Доколку сте заинтересирани за кариера во нашата компанија испратете ја вашата работна биографија преку полето Брза Апликација.
 
Само кандидатите кои ќе влезат во потесна селекција ќе бидат контактирани.
Прашања и повеќе информации на тел. 075 293 691.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде