Vrabotuvanje.com - Референт за набавки - Комерцијалист - Велес - БРАКО ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Референт за набавки - Комерцијалист

Велес

Рок за пријавување:

  • БРАКО ДОО


БРАКО е македонска металопреработувачка компанија која е основана во 1947 година и која произведува огромен асортиман на производи. Денес БРАКО е извозно ориентирана компанија со преку 500 вработени, каде над 90% од производите се наменети за извоз и претставува претпознатлив бренд за производство на секаков вид жичани производи, тешки метални конструкции (куќишта за хидро турбини, модуларни контејнери итн.), широка палета на медицински мебел и медицински помагала како и претпознатливите возила за чистење улици и јавни површини чие производство, склопување и развој се врши во Република Македонија.
 
 
Поради зголемен обем на работа БРАКО ДОО Велес има потреба од :
РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКИ - КОМЕРЦИЈАЛИСТ
 
 
 
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
  • Лицето одговорно за набавки осигурува дека се обезбедуваат услуги и производи од добавувачи во согласност со договорените услови и критериуми, а за таа цел ги извршува следниве задачи
  • Во соработка со проектниот менаџер планира активности за набавки, 
  • Го организира и спроведува процесот за набавки на основни средства, опрема и ситен инвентар - потрошен материјал (набавка, прием, евиденција на залиха, издавање на материјалите) во согласност со политиките на организацијата
  • Директно комуницира со добавувачите (потенцијални, еднократно ангажирани и постојани добавувачи)  со цел да обезбеди навремено спроведен процес за набавки и најповолна понуда во интерес на целите на проектот
  • Го следи процесот на набавка, ја следи континуираната комуникацијата и повратните информации за добавувачите и врши оценка на добавувачите
  • Ги следи на трошоците поврзани со активностите и набавките и постојано бара  можности за оптимизација на истите
  • Ја следи примената на процедурите на набавки и подготвува извештаи од истите;
  • Врши други задачи за потребите на организацијата
 
ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ И СПОСОБНОСТИ:
  • ССС/ВСС;
  • Задолжително работно искуство во набавка на материјали за електро и машинско одржување и познавање на истите
  • Одлично познавање на MS Office пакетот;
  • Познавање на ERP софтвер (Pantheon);
  • Познавање на говорен и пишан англиски јазик
  • Возачка дозвола – Б категорија
 
ПРЕДНОСТИ:
  • Завршен Економски факултет, Машински факултет или Електро технички факултет;
  • Искуство во набавки и администрација во производствени компании
  • Познавање на царински процедури
 
ВЕШТИНИ:
  • Одлични преговарачки вештини;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Способност за работа под притисок;
  • Способност за самостојна и тимска работа;
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност;
  • Тимска работа и кооперативност.
 
ШТО НУДИМЕ:
  • Можност за работа во современа и динамична работна средина и на уникатна проблематика
  • Можност за постојано надградување и напредок во кариерата преку учество на интерни и надворешни обуки и семинари како и посета на саеми
  • Компетитивен социјален пакет
  • Соработка со докажани интернационални партнери
 
Доколку сте заинтересирани за кариера во нашата компанија испратете ја вашата работна биографија преку полето Брза Апликација.
 
Само кандидатите кои ќе влезат во потесна селекција ќе бидат контактирани.
Прашања и повеќе информации на тел. 075 293 691.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде