Vrabotuvanje.com - Заварувач - Велес - БРАКО ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Велес

Рок за пријавување:

  • БРАКО ДОО


БРАКО е македонска металопреработувачка компанија која е основана во 1947 година и која произведува огромен асортиман на производи. Денес БРАКО е извозно ориентирана компанија со преку 500 вработени, каде над 90% од производите се наменети за извоз и претставува претпознатлив бренд за производство на секаков вид жичани производи, тешки метални конструкции (куќишта за хидро турбини, модуларни контејнери итн.), широка палета на медицински мебел и медицински помагала како и претпознатливите возила за чистење улици и јавни површини чие производство, склопување и развој се врши во Република Македонија.
 
 
Поради зголемен обем на работа БРАКО ДОО Велес има потреба од:

ЗАВАРУВАЧ
CO2 и заварувачи со аргон
 
 
Работни задачи:
  • Прием на налог и технички цртеж за работа
  • Проверка на апаратот за заварување и поставување на параметри за заварување,
  • Проверка и складирање на заварениот производ
 
Потребно образование и способности:
  • Работно искуство во заварување
  • Најмалку ССС
  • Познавање на постапка за заварување
 
Што нудиме:
  • Можност за обука за заварување за кандидатите со почетно ниво на познавање од заварување
  • Обезбедена кетеринг исхрана на трошок на компанијата
  • Користење на бенефиции и попусти со нашите деловни соработници (банки, продавници)
  • Платата е поделена во 5 групи и зависи од степенот на искуство на кандидатот и тоа: 
- 1-ва група – основна плата од 23.000,00 денари за кандидати со основно познавање на постапката за заварување и желба за обука за заварување
- 2-ра група - основна плата од 26.000,00 денари за кандидати со над 2 години работно искуство во заварување
- 3-та група - основна плата од 28.000,00 денари за кандидати со над 5 години искуство во заварување
- 4-та група - основна плата од 30.000,00 денари за кандидати со познавање на повеќе видови на заварување и работно искуство над 10 години искуство во заварување
- 5-та група - основна плата од 32.000,00 денари за кандидати со познавање на повеќе видови на заварување и работно искуство над 15 години искуство во заварување 
 
 
Кандидатите кои ги исполнуваат условите може да испратат кратка биографија со наслов „За работна позиција Заварувач“ преку полето Брза Апликација или да ја остават биографијата на портирницата во БРАКО.

Повеќе информации на телефон 071 213 179
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Електротехника изнесува 22.219 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде