Vrabotuvanje.com - Дреар/Бравар/Заварувач - Скопје - КАЗ ГРУП Илинден
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дреар/Бравар/Заварувач

Скопје

Рок за пријавување:

  • КАЗ ГРУП Илинден

 

КАЗ ГРУП ДОО Илинден, за своите потреби објавува оглас за вработување на:

ДРЕАР/БРАВАР/ЗАВАРУВАЧ
3 извршители

ДРЕАР

Работни задачи:
  • Стругање на едноставни предмети со толеранција и сложени предмети
  • Сечење на едновојни груби и средни фини навои од сите профили во сериско и поединечно производство,
  • Стругање на едноставни предмети на големи стругови со толеранција
  • Следење на упатства од работен налог
  • Следење на упатство за ракување на струг
  • Изработка на делови по спецификација (цртеж)
  • Контрола на изработеното (димензии)
     
Потребни квалификации:
  • Работно искуство

БРАВАР

Работни задачи:
  • Производство и обработка на метални делови на машина
  • Самостојни работи на работилничките склопувања на помали групи склопови по мустра или цртеж, самостојно оцртување или измена на некои мали детали
  • Работи при склопување на едноставни делови, како и самостојна изработка на едноставни делови по цртеж или скица и со употреба на шаблон, пнеуматичен и електричен рачен алат за сечење, бушење или нитување
  • Разна обработка на материјали со отстранување на струготини
  • Следење на упатства од работен налог
  • Контрола на изработеното (димензии)

Потребни квалификации:
  • Работно искуство

ЗАВАРУВАЧ​
2 извршители

Работни задачи:
  • Работење по упатства од работен налог, конструктивно - техничка документација и упатства на непосредниот раководител
  • Ракување со средство за работа - апарат за заварување по REL; MIG-MAG - постапка или апарат за Аргонско заварување, следејќи и строго придржувајќи се на упатствата за работа со односниот апарат и безбедносниот сертификат за истиот
  • Во процесот на работа посебно обрнува внимание на параметрите за работа-струја А; напон K; соодветниот додатен материјал и заштитната околина(CO2, Ar, Feromix) 
  • Изработува - заварува заварени конструкции по спецификација – цртеж
  • Заварените делови, склопови и конструкции ги контролира од аспект на коректен вид и евидентно ги предава на непосредниот раководител 
  • Врши редовно одржување на машините и опремата (чистење и подмачкување) 
 
Потребни квалификации:
  • Работно искуство
 
Компанијата нуди:
  • Соодветни работни услови и конкурентна плата, согласно квалификациите и искуството
  • Организиран превоз
  • Работно време од 07,30 до 15,30 часот
     

Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате наведените квалификации, потребно е да доставете кратка биографија, преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде