Vrabotuvanje.com - Електро инженер (Автоматизација) - Скопје - ЛИБЕРТИ АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Електро инженер (Автоматизација)

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЛИБЕРТИ АД Скопје


Групацијата LIBERTY Steel Group, како дел од GFG Alliance, е глобална компанија за челик и рударство со над 30.000 вработени на повеќе од 200 локации на четири континенти. Тоа е меѓународен бизнис со интегрирана понуда - од производство на течен челик направен од суровини и рециклирани материјали до челици со голема прецизност и придружни услуги, достапни за клиенти ширум светот.
 
Либерти Скопје, како дел од Либерти Стил Групацијата, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани, поцинкувани и пластифицирани производи, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. Ние веруваме дека нашата позиција во челичната и рударската индустрија носи уникатни можности.
 
За потребите на нашето производство, односно проширување на нашиот тим за Автоматизација, ги покануваме сите заинтересирани лица да аплицираат за следната позиција:
 
Електро инженер (Автоматизација)
 
Клучни одговорности:
  • Во областа на развој / преземање / одржување на софтверски апликации:
    • Анализа, дизајн, програмирање, тестирање, имплементација, одржување на апликативен софтвер за системи за автоматизација со PLC
    • Анализа, дизајн, програмирање, тестирање, имплементација, одржување на HMI софтвер и програми
    • Учество во технички спецификации за хардверски и софтверски апликации направени од надворешни компании
    • Надзор и преземање/користење на софтверски апликации направени од надворешни компании
    • Модификација и надградување на софтверски апликации направени од надворешни компании во согласнот потребите на компанијата  
  • Во полето на DC и AC конвертори (конвертори со еднонасочна и наизменична струја):
    • Анализа, дизајн, програмирање, тестирање и спроведување на апликации кои содржат DC и AC конвертори
    • Учество во развој и дефинирање на технички спецификации за апликации кои вклучуваат DC и AC конвертори направени од надворешни компании
    • Надзор и преземање/користење на апликации на DC и AC конвертори од надворешни компании
  • Обезбедува безбедно и сигурно работење на системот за автоматизација.
  • Врши и други бизнис задачи по барање на неговиот/нејзиниот претпоставен.
 
Личен профил:
  • ВСС VII степен, оддел автоматика
  • Најмалку 5 години работно искуство во областа
  • Добро познавање на техничките стандарди
  • Способности за анализа и синтеза
  • Вештини за PLC програмирање (софтвер: Siemens, L1SA, Telemecanique, Unitronics), HMI и SCADA апликации (софтвер: Siemens, L1SA, Telemecanique, Unitronics)
  • Познавање од хардверски системи и опрема за автоматизација
  • Одлично познавање на англиски јазик
 
Што нудиме:
Динамична работна средина во која се стимулира учење и професионален развој. Конкурентен надомест како и ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОДРЖУВАЊЕ.
 
 
Доколку барате можност за работа на предизвикувачки проекти, со цел да влијаете на бизнисот на позитивен начин, Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија - CV преку полето Брза апликација.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Електротехника изнесува 22.219 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде