Vrabotuvanje.com - Специјалист за грижа за корисници - германски јазик - Скопје - Трговско друштво за производство, трговија и услуги ЛЕГЕНДАРИ СВИСС ДОО увоз извоз
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Специјалист за грижа за корисници - германски јазик

Скопје

Рок за пријавување:

  • Трговско друштво за производство, трговија и услуги ЛЕГЕНДАРИ СВИСС ДОО увоз извоз

 

 

Legendary-Swiss e брзорастечкa компанија во Македонија, со седиште во Скопје која што опслужува и работи со голем број на клиенти од Швајцарија, а во моментот, поради зголемениот работен обем, имаме потреба од агенти кои зборуваат Германски јазик. Нашата цел е да им обезбедиме на клиентите најдобра услуга, да бидеме иновативни и постојано да создаваме можности за раст на нашиот бизнис.
 

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ- ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

Вистинскиот кандидат треба да ги има следниве квалификации:

  • Oдговорност, лојалност и посветеност во работата и на работното место;
  • Самоиницијативност, одлична организација и распределба на приоритети;
  • Познавање на високо ниво на германски јазик во усмена и пишана форма;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Познавање на Outlook и Microsoft Office пакетот;
  • Способност за самостојна работа, како и за работа во тим;
  • Комуникативност, професионалност и извршување на работните задачи со
    ентузијазам;

Кои се вашите работни задачи:

  • Навремено одговарање на дојдовните повици и прашања од клиентите;
  • Евидентирање на податоци во системот, и решавање на потенцијалните; забелешки од клиентите со трпеливост и пријатен тон;
  • Покажување емпатија и разбирање на целите на клиентите;
  • Изработка на извештаи од работењето и достава до надредените;
  • Одржување на високо ниво на задоволност кај секој клиент;

Зошто Legendary-Swiss?​ 

  • Одлична почетна плата;
  • Платени придонеси за работа;
  • Модерна канцеларија во близина на CityMall;
  • Можност за континуиран развој во компанијата;
  • Работа со клиенти на странски пазар;
  • Одлични колеги кои се спремни да Ви помогнат кога и да е потребно
  • Бесплатни пијалоци за да бидете енергични во работењето
  • Пријатна работа атмосфера и окружување

Испратете ја вашата кратка биографија (CV)  најдоцна до 07.12.2021 преку полето Брза Апликација.
Ве очекуваме!

ConTec
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде