Vrabotuvanje.com - Бренд менаџер - Скопје - АЛТЕА - ММ ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Бренд менаџер

Скопје

Рок за пријавување:

  • АЛТЕА - ММ ДООЕЛ Скопје
Фирмата АЛТЕА ММ ДООЕЛ - Скопје, чија дејност е продажба и дистрибуција на алкохолни пијалоци, објавува оглас за работа на позиција
БРЕНД МЕНАЏЕР
за брендовите: Martini, Grey Goose, Bacardi, Bombay Sapphire, Dewar’s, Eristof и други

ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Подготовка на маркетинг план, маркетинг буџет, креирање на маркетинг стратегија и спроведување на истите во каналите ХОРЕКА и Офтрејд, пратење на искористеност на буџети, нивно оптимизирање
  • Соработка со сите сектори во компанијата во врска со брендовите
  • Поддршка на продажбата, следење на продажбата, зголемување на продажбата, следење на конкуренција;
  • Подготовка на ценовна структура и цени, анализа на цени, предлози за промоции и наградни игри и настап на различни маркетинг канали
  • Посети на продажни места, следење на поставеност на брендовите
  • Следење на залихи, изработка на план на нарачки, изработка на извештаи кон принципали и извештаи за потребите на компанијата
  • Подготовка на потребна документација за маркетинг активностите кон финансискиот оддел и принципалите
  • Пронаоѓање на нови маркетинг можности, максимизирање на сите можности за раст и развој на брендот
  • Развива, приспособува и спроведува маркетинг стратегија за брендови во согласност со стратегијата на принципалите за портфолиото и за секој поединечен бренд
  • Градење на односи со сегашни и потенцијални идни клиенти/купувачи
  • Управува со проекти и активности за лансирање на брендови и производи во портфолиото на компанијата согласно плановите за промоција и буџетите
  • Подготвува месечни, квартални и годишни извештаи за маркетинг активностите и ефектите за брендовите


УСЛОВИ И КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Основни услови: ВСС (пожелно економски)
  • Работно искуство од мин 2-3 години како бренд менаџер во FMCG индустријата (производство или дистрибуција), искуство во маркетинг или продажба ќе се смета за предност
  • Усогласеност на личните вредности со корпоративните вредности на компанијата (интегритет, респект ентузијазам/енергија, раст и извонредност, натпреварувачки дух, креативност, фокус на клиенти)
  • Одлично познавање на англиски јазик и високо ниво на деловна коресподенција (писмена и усна)
  • Општи компетенци: возачка дозвола Б категорија, одлично познавање на Microsoft office


Сите заинтересирани кандидати својата Професионална Биографија (CV) можат да ја испратат на следната e-mail адреса: hr@altea-mm.com со ЗАДОЛЖИТЕЛНА назнака на апликацијата
 „за оглас за Бренд менаџер“ 

Напомена:

САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.  
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде