Vrabotuvanje.com - Општ работник - Ресорт Маврово, с.Маврово - Ресорт Маврово
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Општ работник

Ресорт Маврово, с.Маврово

Рок за пријавување:

  • Ресорт Маврово

Ние сме планински ресорт, едно сме со природата, работиме и живееме за планината. Нашите гости се наше најголемо богатство и наша мисија е нивната среќа. Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово) е место за одмор и рекреација на фамилии со деца, спортски припреми на професионални спортски организации и канцеларија за работа на индивидуалци и организации во сите годишни времиња.

Нашите вработени се нашето лице на љубезност, гостопримство и беспрекорна услуга поради кои, гостите доаѓаат како гости, а си заминуваат како наши пријатели.

Доколку сакаш да бидеш дел од нашиот тим и да работиш во чиста планинска средина, аплицирај за следнава работна позиција:

ОПШТ РАБОТНИК

 

Работни одговорности на Општ работник во Ресорт Маврово ДОО:

  • Во снежни услови се грижи за безбедна состојба на патеките во Ресортот;
  • Ги пали и одржува камините во хотелите;
  • Врши превоз на вработените во Ресорт Маврово до работното место;
  • Посредник помеѓу секторот собарки и перална;
  • Се грижи за општата хигиена во објектите на ресортот;
  • Други одговорности соодветни на работното место Општ работник.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

  • Проактивна, вредна и енергична личност;
  • Одговорност и посветеност кон работата;
  • Тимски играч и колегијалност;
  • Лојалност и чесност;
  • Брзина и ефикасност во вршење на работните задачи.

Потребни квалификации:

  • Предност имаат кандидати од општина Маврово и Ростуше или Гостивар;
  • Мин. ССС;
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Познавање на работа со алат и општи познавања за вршење поправки ќе се смета за предност;
  • Флексибилно работно време.

Доколку станете наш вработен добивате:

  • Сместување и 3 оброци;
  • Платени трошоци за превоз;
  • 8 слободни денови во месецот;
  • Можност за користење на теретана;
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
  • Бесплатна карта за жичарница.

Локација:  Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време

Рок за пријавување на огласот: 31.12.2021

Како да аплицирате:

Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо на следниот меил: hr@resortmavrovo.com и во subject наведете Општ работник.
Лице за контакт: Димитрија Ристевски – Сектор за Човечки ресурси, К.А.К. ДОО

Disclaimer:

  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
  • Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
  • Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
  • Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде