Vrabotuvanje.com - Инжeнер во одржување – електро струка - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Инжeнер во одржување – електро струка

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА



КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. 
 
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Фолксваген, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ  и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Инжeнер во одржување – електро струка  (Electrical Maintenance Engineer)
 
 
Работни задачи и одговорности:
  • Изведување на разновидни должности поврзани со инсталирање и одржување на опремата за производство
  • Поправка и решавање на проблеми поврзани со функционирањето на опремата
  • Извршување на превентивни и предиктивни одржувања на опремата
  • Оджување на редовна евиденција за работата и достапноста на резервните делови
  • Предлагање на измени на резервните делови врз основа на достапност и квалитет.
  • Толкување на прирачници за опрема, креирајте упатства за работа, подобрување и креирање на процедури за одржување и сервисирање.
  • Анализа на  сигурноста и функционалноста на опремата.
  • Генерирање на идеи за решавање на  проблеми поврзани со опремата.
  • Иницирање на решенија и  координирање на  проекти за подобрувања, обезбедување минимално изгубено време и максимална ефикасност.
  • Почитувањеат на безбедносните регулативи и да одржување на чиста и уредна работна област
  • Позицијата подразбира работа во смени!
     
Образование, искуство, вештини:
  • Дипломиран Eлектро инжeнер; 
  • 2+ годишно искуство во оддржување, 
  • Техничко знаење и искуство во одржување на индустриски електрични и електронски компоненети и системи
  • Искуство со PLC системи дијагностика на проблеми поврзани со нивно функционирање
  • Вештини на програмирање: C, C++, Visual Studio, SQL, XML, PHP ќе се сметат за предност
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook) како и нумерички способности;
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);  познавање на германски јазик ќе се смета за предност;
  • Спремност за патување и подолг престој на обука во странство;

Што обезбедуваме:
  • Конкурентни примања на македонскиот пазар;
  • Здраво и безбедно работно опкружување;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Сигурност на вработувањето;
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан;  

Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја Вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " Инжeнер во одржување – електро струка   (Electrical Maintenance Engineer)" преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде