Vrabotuvanje.com - Координатор за стратегиски маркетинг и деловно планирање - Скопје - ВРАБОТУВАЊЕ ХР СОЛУТИОНС Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Координатор за стратегиски маркетинг и деловно планирање

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВРАБОТУВАЊЕ ХР СОЛУТИОНС Скопје
 

Вработување ХР Солутионс, за потребите на свој клиент – компанија со дејност во финансискиот сектор, бара искусен кадар за вработување на позицијата

КООРДИНАТОР ЗА СТРАТЕГИСКИ МАРКЕТИНГ И ДЕЛОВНО ПЛАНИРАЊЕ 

како многу одговорно работно место, каде работните задачи кои се извршуваат завземаат посебно место како во можноста за освојување на конкурентска предност на локалниот пазар, така и во задоволувањата на барањата на клиентите.

главни задачи и обврски:

  • Редовно следење на пазарот и подготовка на извештаи за продуктите на конкуренцијата
  • Активно учество во организација и логистика на продажните активности, следење на текот на реализација и информирање за истите
  • Координација на тимови вклучени во продажни акции и промоции
  • Изработка на листи за исплата на продажните претставници согласно индивидуална продажна реализација
  • Учество во развој на разни програми, водење на проекти и предлагање на промотивни активности и акции
  • Активно учество во меѓу институционални соработки
  • Редовна подготовка на извештаи и тековно информирање од доменот на работење за непосредниот раководител
    • Други работни задачи со налог од директно претпоставениот.

Очекувани квалификации, потребни знаења и способности:

  • Завршено високо образование
  • Одлично познавање на MS office пакетот, посебно напредно владеење Excel
  • Изразено искуство во правење пазарни анализи
  • Познавање на процеси за развој на продукти
  • Силни аналитички и нумерички способности
  • Организациски способности и тимска соработка
  • Изразени комуникациски способности
  • Познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б категорија.

компанијата нуди:

Стабилна канцелариска работа со 8 часовно работно време во дирекција на компанијата, во конкурентна средина и одличен финансиски надомест со потенцијал за раст. За позицијата следуваат сите поволности согласно ЗРО.

Заинтересирани апликанти, доколку се препознавате во гореспоменатиот профил и можете да одговорите на наведените обврски, Ве покануваме да ја доставите вашата ажурирана Биографија на regrutacija@vrabotuvanje.com.mk.

Апликациите ќе се прифаќаат до 04.12.2021.

Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.

Ви благодариме за вашиот интерес.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде