Vrabotuvanje.com - Менаџер за продажба - Скопје - Winners Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Менаџер за продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • Winners Group

Бараме работник на позицијата
Менаџер за продажба

за нашиот нов тим во Северна Македонија

Опис на работното место и одговорности:

Бараме лидер одговорен за регионот на Северна Македонија кој ќе се придружи на нашиот меѓународен тим за менаџирање продажби.

Позицијава ќе биде директно менаџирана од меѓународниот одбор на компанијата.

Бараме бизнис ориентиран менаџер со желба да создава и да се развива постојано, кој има амбиција да ги донесе професионалните и комплексните финансиски услуги во светот на малопродажбата во Северна Македонија во сите области од финансискиот свет.

Оваа можност ја нудиме на динамичка личност која ужива да гради тим, да запознава луѓе, која има чувство за систематска работа и страст за бизнис.

Основни задачи
  • Професионално советување клиенти
  • Менаџирање со односите
  • Изградба на свој тим од бизнис партнери
  • Соработка со другите колеги во тимот и со другите оддели и специјалисти во компанијата на меѓународно ниво
Лични особини и вештини
  • Способност за успешно завршување на нештата - силен фокус кон резултатот
  • Активен, позитивен и проклиентелистички пристап
  • Искуството од работа во финансискиот сектор е повеќе од добредојдено
  • Да се чувствува природно кога работи со клиенти и менаџира свој тим
Што можеме да понудиме?
  • Запознавање со искуствата на една стабилна меѓународна компанија
  • Да се биде суштински дел од новооснован тим во Северна Македонија
  • Неограничени можности за лични приходи благодарение на разновидните провизии
  • Можност за постигнување на интересен долгорочен пасивен личен приход
  • Можност за професионален раст и развој на кариерата
  • Можност за учествување во растот на компанијата
  • Постојано создаваме позитивна средина за вашиот раст. Ние сме лидери во создавањето лидери - затоа инвестираме ефикасно и наместо на рекламни кампањи, ресурсите ги насочуваме кон врвно образование и други ефективни алатки за личен деловен развој
  • Модерна европска работна средина
  • Пријателски и динамички тим
  • Можност за развој на својот потенцијал
  • Одлична професионална автономија и тим за поддршка

И, како последно, рамна организациска структура и можност за комуникација директно со меѓународниот менаџмент на компанијата кога се имплементира бизнис стратегија или кога се даваат предлози за подобрувањето на процесот.

Во кратки црти за компанијата

Ние сме меѓународна компанија основана во Словачка во 2008 година.

Со нашиот уникатен систем на работа наречен Winners Concept, нудиме професионални и комплексни услуги под една капа за нашите клиенти низ Европа со помош на нашите иновативни системи и апликации.

Како резултат на нашата успешна работа во Словачка, постепено се ширевме кон другите земји во Централна и Источна Европа. После Бугарија и Украина, се проширивме во Полска, а сега претстои отворање на канцелариите во Северна Македонија во 2022 година.

Информации за аплицирање:

Испратете ја вашата кратка биографија на англиски јазик на следнава адреса на е-пошта: boris.jankovsky@winnersgroup.sk.

Кандидатите што ги исполнуваат сите услови за пополнување на позицијата ќе бидат поканети на разговор не подоцна од две седмици по праќање на кратката биографија.

(Внесете го НАЗИВОТ НА РАБОТНОТО МЕСТО во НАСЛОВОТ на е-пораката).

Ви благодариме за интересот да работите за нашата компанија.

Информации за обработката на вашите лични податоци може да најдете на www.winnersgroup.sk.


Испратете ја кратката биографија со опцијата „Apply“.​

 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде