Vrabotuvanje.com - Собарка - Ресорт Маврово, с.Маврово - Ресорт Маврово
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Ресорт Маврово, с.Маврово

Рок за пријавување:

  • Ресорт Маврово

Ние сме планински ресорт, едно сме со природата, работиме и живееме за планината. Нашите гости се наше најголемо богатство и наша мисија е нивната среќа. Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово) е место за одмор и рекреација на фамилии со деца, спортски припреми на професионални спортски организации и канцеларија за работа на индивидуалци и организации во сите годишни времиња.

Нашите вработени се нашето лице на љубезност, гостопримство и беспрекорна услуга поради кои, гостите доаѓаат како гости, а си заминуваат како наши пријатели.

Доколку сакаш да бидеш дел од нашиот тим и да работиш во чиста планинска средина, аплицирај за следнава работна позиција:

СОБАРКА
(За сезонска работа или вработување на подолг временски период)

 

Работни одговорности на Собарка во Ресорт Маврово ДОО:

  • Одржување на хигиената во гостинските соби на хотелот;
  • Се грижи за хигиената во јавните простории во хотелот;
  • Помага при работните задачи во перална;
  • Други одговорности соодветни на работното место Собарка.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

  • Проактивна, вредна и енергична личност;
  • Одговорност и посветеност кон работата;
  • Педантност во работата;
  • Организациски вештини;
  • Тимски играч и колегијалност;
  • Лојалност и чесност;
  • Желба за личен раст и развој;
  • Брзина и ефикасност во вршење на работните задачи.

Потребни квалификации:

  • Мин. ССС;
  • Искуство на слична работна позиција ќе се смета за предност;
  • Работа во две смени.

Доколку станете наш вработен добивате:

  • Сместување и 3 оброци;
  • Платени трошоци за превоз;
  • 8 слободни денови во месецот;
  • Можност за користење на теретана;
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
  • Можност за напредок, награди и бонуси;
  • Обуки и тим билдинг активности;
  • Бесплатна карта за жичарница.

Локација:  Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време за сезонска работа или за вработување на подолг временски период

Како да аплицирате:

Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо на следниот меил: hr@resortmavrovo.com и во subject наведете Собарка.
Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово.

Рок за пријавување на огласот: 31.01.2022

Disclaimer:

  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
  • Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
  • Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
  • Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде