Vrabotuvanje.com - Менаџер на продавница - Скопје - Fashion Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Менаџер на продавница

Скопје

Рок за пријавување:

  • Fashion Group

Фешн груп ДОО Скопје
има потреба од менаџер на продавница

Обврски и одговорности:

  • Управување со продажните процеси во продажниот објект
  • Организирање и супервизија на активностите во продажниот објект: прием на производи, изложување и визуелно уредување на производите, одржување на хигиена и укажување на потреби за одржување на продажниот објект
  • Изготвување и одржување на документацијата поврзана со работењето на продажниот објект и во согласност со законските регулативи
  • Разрешување на проблематични ситуации од секаков вид: логистички, организациони, поплаки од купувачи и сл.
  • Организација и проверка на онлајн продажбата
  • Водење евиденција за залихата и редовно надополнување
  • Следење и анализа на посетеноста, дневниот промет, продажни трендови и предвидување идни продажби
  • Следење и анализа на тековното работење и  изготвување извештаи на неделно, месечно, квартално и годишно ниво за работењето на брендот и продажниот објект
  • Изготовка на сменски распоред за работа на членовите на тимот
  • Евиденција за присуство/отсуство, одобрување отсуство и евиденција на работните часови со цел подготовка на плата за вработените во продажните објекти
  • Делегирање и распоред на работните обврски на членовите на тимот
  • Утврдување тренинг потреби и изнаоѓање решенија за подобрување на работната ефикасност
  • Мотивација и задоволство на вработените
  • Управување со работни проблеми и конфликти

Образование, работно искуство и вештини:

  • ВСС од областа на трговија, економија и сл.
  • Напредно работење на компјутер
  • Познавање на MS Excel, Power Point, MS Word
  • Познавање на е-commerce и онлајн продажба и функционалност на платформи
  • Познавање англиски јазик
  • Искуство во управување со тимови, комерцијално работење и маркетинг (минимум 2 години)
  • Поттикнување на тимска работа, соработка и позитивна атмосфера
  • Ориентираност кон резултати
  • Агилност, прилагодливост и флексибилност
  • Управување со време и приоритети

Сите заинтересирани кои ги исполнуваат посочените услови да достават кратка биографија на следната е-маил адреса: hrapplications.jobs@gmail.com, со назнака “Менаџер на продавница”најдоцна до 21.01.2022.

 
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде