Vrabotuvanje.com - Виши Специјалист за управување со продукти - Скопје - Македонски Телеком АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Виши Специјалист за управување со продукти

Скопје

Рок за пријавување:

  • Македонски Телеком АД Скопје

Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди. 

Заради пополнување на позиција во нашиот тим, имаме потреба од талентиранo  лицe на работно место:

Виши Специјалист за управување со продукти

Одговорности

  • Развој на производи од сферата на телекомуникации и ИТ (одговорност од почеток до крај, од идеја, анализа,  дизајн, пратење на имплементација, до позиционирање на продукт, профитабилност, корисничко искуство, канали, мотивација, обуки, инструкции за комуникации);
  • Управување и унапредување на постојни производи во насока на светските трендови и дигитализацијата;
  • Подготовка на деловни студии и други анализи како поддршка на развојот на нови производи, управување со животен циклус на производи, CAPEX/OPEX инвестиции, промена на цени, итн.);
  • Дефинирање на визија за продукт и алајнирање со останатите страни за истата;
  • Детално прогнозирање по сегмент/производ за исполнување на главните КПИ; 
  • Управување со понудите за задржување на корисници и нивно извршување во соработка со другите функции за маркетинг и продажба;
  • Приоретизирање на продуктните барања и карактеристики

Кои способности треба да ги поседувате

  • Аналитички способности и способности за решавање на проблеми;
  • Kреативност и способност за отворено размислување;
  • Препознавање на потребите и барањата на корисниците;
  • Способност за работа под притисок;
  • Способност за донесување одлуки и способност за решавање проблеми;
  • Oрганизациски и комуникациски способности;
  • Tимски играч;
  • Прецизност, точност и посветеност на работата

Квалификации

  • Високо образование (Технички факултет- Електротехника или останати технички факултети; Економски факултет);                       
  • 5 години работно искуство;
  • Развивање на производи и познавање на меѓународните трендови при развивање на производи;
  • Напредно  познавање на кориснички софтверски алатки
  • Напредно познавање на системите, услугите и опремата за телекомуникации;
  • Напредно познавање на IP технологии и опрема;
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Познавање на waterfall и агилната методологија

Работно време:

  • Работното време во компанијата е  флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00  часот)

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Плата согласно утврдените интерни акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Како да аплицирате:

Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx   и/или испратете го вашето CV на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за Виши Специјалист за управување со продукти.

Огласот ќе биде објавен на ден 13.01.2022 година и ќе трае  до 23.01.2022 година
Контакт информации тел. 02/3 242-602

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде