Vrabotuvanje.com - Менаџер за клучни купувачи - Скопје, Битола и Струмица - ФРИКОМ БЕОГРАД ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Менаџер за клучни купувачи

Скопје, Битола и Струмица

Рок за пријавување:

  • ФРИКОМ БЕОГРАД ДООЕЛ

Nomad Foods е европска водечка компанија за замрзната храна и една од најголемите во светот. Портфолиото на одличните брендови на компанијата кое ги вклучува Birds Eye, Findus, Iglo а од неодамна и Ledo и Frikom со генерации им служи на локалните европски пазари и се залага за храна која е со одличен вкус и висок квалитет.

Како дел од семејството Nomad Foods, компанијата ФРИКОМ Београд ДООЕЛ, објавува оглас за вработување на персонал за територијата на град Скопје, Битола и Струмица за следната позиција:

МЕНАЏЕР ЗА КЛУЧНИ КУПУВАЧИ/KEY ACCOUNT MANAGER

Потребни квалификации:
  • Високо образование
  • Работно искуство од минимум 2 години во областа
  • Одлично познавање на MS Office
  • Возачка дозвола Б – категорија
 
Краток опис на работните обврски:
  • Анализирање на податоци, истражување и препознавање на потребите и можностите кај клучните купувачи со цел реализација на деловната стратегија на компанијата.
  • Воспоставување, изградување и одржување на односи со главните купувачи.
  • Договарање на соработка, преговарање за условите на соработка, одлучување за потпишување на договори, спроведување комерцијални понуди и маркетинг активности за клучни купувачи.
  • Врз база на спроведената анализа на потенцијалот, потребите и можностите, продажните резултати во претходниот период и продажните цели на компанијата развивање вкупен план на продажба по клучни купувачи за тековната година.
  • Презентирање годишен план за продажба и маркетинг активности према клучните купувачи
  • Врз база на целокупниот план за продажба во тековната година изработување план за продажба по месеци/квартали и понуди за клучни купувачи.
  • Редовно информирање за превземени продажни и маркетинг активности и за постигнати резултати (месечно).
 
Потребни вештини:
 
  • Комуникациски вештини
  • Продажни и преговарачки вештини
  • Презентациски вештини
  • Способност за решавање на проблем
  • Тимска работа и соработка

Вашата професионална биографија можете да ја доставите преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на апликацијата оглас за „ Key Account Manager“.

Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани. Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде