Vrabotuvanje.com - Агент за контакт центар - Скопје - Македонски Телеком АД-Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Агент за контакт центар

Скопје

Рок за пријавување:

  • Македонски Телеком АД-Скопје

Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди. 

Заради пополнување на позиција во нашиот тим, имаме потреба од талентиранo  лицe на работно место:

Агент за контакт центар
  • Имаш желба и способност за брзо учење и стекнување со нови знаења?
  • Имаш искуство во телефонска, е-маил или комуникација преку социјални медиуми со корисници?
  • Сакаш да решаваш кориснички проблеми и имаш искуство во техничка поддршка на корисници (препознавање и дијагностика)?
  • Имаш интерес за дигитални технологии?

Ако твојот одговор е ДА, пријави се на отворениот оглас за Агент за контакт центар на Македонски Телеком АД  кој е водечки национален телекомуникациски оператор и дел од Групацијата Дојче Телеком.

Потребни квалификации

  • Средно образование;
  • 1 година соодветно работно искуство;
  • Добро познавање на англиски јазик;
  • Познавање на MS Office;
  • Претходно работно искуство во контакт центар за техничка  поддршка на корисници  ќе се смета за предност

Што очекуваме:

  • Ориентираност кон клиенти
  • Основни комуникациски и продажни вештини
  • Способности за справување со стресни и конфликтни ситуации

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Компетитивна плата и бонус утврдена согласно интерните акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Работно време:

  • Работа во смени

Како да аплицирате:

Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx  и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Агент за контакт центар

Огласот ќе биде објавен на ден 13.01.2022 година и ќе трае  до 18.01.2022 година

Контакт информации тел. 02/3 242-602

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде