Vrabotuvanje.com - Оператор во контакт центар за наплата - Скопје - ЕОЅ Матрих
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оператор во контакт центар за наплата

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕОЅ Матрих

 
EOS Матрих вработува Оператор во контакт центар за наплата
 
Ние сме ЕОЅ Матрих со седиште на ул.Аминта Трети бр.1 Скопје - Центар и сме дел од EOS групацијата, успешен меѓународен лидер кој нуди специјализирани и индивидуални финансиски решенија со секојдневен напредок во работата, благодарение на нашите 7,500 вработени ширум светот. Работиме за свет без долгови и нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување, можност за професионален и личен развој.
 

Опис на работни задачи:
  • Телефонско посредување при наплата на побарувања;
  • Стекнување на позитивни релации со корисниците и договарање начини на уплата;
  • Следење и мониторирање на динамиката на плаќање;
  • Спроведување на апликативни стратегии за наплата;
  • Реализирање на поставени таргети;
  • Креирање на соодветно решение, во насока на постигнување на целта.

Потребни квалификации:
  • Минимум завршено средно образование (високо образование ќе се смета за предност);
  • Комуникативни, јасни и концизни во изразувањето на Македонски јазик (познавање на други јазик ќе се смета за предност);
  • Одлично познавање на компјутери и софтверски апликации;
  • Подготвени за кариерен развој;
  • Подготвени за работа во динамична средина;
  • Бизнис ориентирани;
  • Позитивен ментален став, енергични и отворени кон соработка со клиентите;
  • Развиен тимски дух, давање на конструктивни идеи.

Работни денови: од понеделник – петок
Работни часови неделно: 40 
Работно време: од 08 – 16 часот
 

Придобивки:
  • Пријателска, позитивна и здрава работна околина, фокусирана на развој на секој член од тимот
  • Работа во интернационална компанија
  • Можности за личен развој и напредување
 
EOS Матрих е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица, без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.
 

Успешни заедно 

Ако се пронајдете во нашата приказна, Ве повикуваме да аплицирате на jobs@eos-matrix.mk со доставување на Ваша биографија* најдоцна до 31.01.2022 година и да ни се придружите заедно да ги поместиме границите на успехот.

Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи. 

*Пристигнатите биографии ќе се чуваат во рок од 1  година по истек на огласот, освен доколку испраќачот не назначи поинаку.

Согласноста за чување на биографија може да се повлече пред истек на наведениот рок од 1 година на маил:  mk-dpo@eos-matrix.mk

Доколку имате прашања, можете да ни се обратите на: +389 2 3200400 

www.eos-matrix.mk
www.eos-solutions.com

 
 
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде