ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:
АВТОЛИМАРИ/МОНТЕРИ – КАРОСЕРИЈА И ПАТОС
- Отпакување, проверка и подготовка на материјалите,
- Сечење, МИГ/МАГ заварување, точкесто заварување или нитнување на материјали со различна дебелина и состав
- Кроење и вградување на неметални материјали (поставување патос)
- Припрема и монтажа на полиестерски делови
- Припрема и монтажа на странични вратички на возилото
- Финални корекции
- Минимум средно образование од техничките струки
- Читање на техничка документација
- Способност за работа со рачен пневматски и електричен алат
- Прецизна работа со естетски детали
- Работа на сложени механизми
- Работа под притисок и кратки рокови
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- Безбедна и здрава работна околина со заштита според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа во таква средина
- Можност за мултинационално-препознаено професионално континуирано усовршување кај еден од најреномираните производители на автобуси
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.
Краен рок за доставување на апликациите: 21.05.2022 година