
Групацијата Малиќи, е синоним за лидерство на пазарот во индустриите во кои работиме според врвните светски трендови, иновации и стандарди во Македонија, Албанија и Косово. Водени од амбицијата за нови деловни потфати и желбата да освоиме што повеќе пазари и клиенти, го проширивме опсегот на работа во неколку сегменти, како дистрибуција, хотелиерство, градежништво, станбено управување. Сите вработени кои се дел од оваа приказна се посветени на исполнување на мисијата и визијата и се водат од воспоставените вредности во исполнувањето на целите и процесот што води до нив. Цврсто веруваме дека сите наши компании и нашиот тим вработени заедно можат да испорачаат повеќе, поефикасно и поуспешно, црпејќи знаења и вештини едни од други, меѓусебно надградувајќи се и давајќи им можност на сите подеднакво да учествуваат во давање идеи и создавање нови деловни можности.
Доколку имате одлични комуникациски способности, сакате работа со луѓе, сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати, аплицирајте за работа во Малиќи групацијата, на следната работна позиција:
РЕГРУТАЦИЈА И РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИ
Вистинскиот кандидат треба да поседува: искуство во регрутација на кадри, искуство со тренинг и развој на вработени, искуство во hospitality индустрија, течно говорење на Англиски јазик
- Идентификација на идните потреби за вработување, дизајн на описи на работни места
- Регрутација на кандидати преку повеќе извори, преку бази на податоци, и социјални медиуми
- Спроведување интервјуа на кандидати, евалуација на знаење и вештини
- Следење на процесот на воведување на нови вработени
- Идентификација на потреби од унапредување на знаењето и вештините на вработените
- Спроведување на тренинг програми на компаниите, од екстерни и интерни обучувачи
- Административна поддршка, евиденција и припрема на извештаи за процесот на вработување на кандидати.
Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот, преку полето Аплицирај.