Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, објавува огласи за работни места:
АСИСТЕНТ ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА
1. Опис на работно место „АСИСТЕНТ ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА без работно искуство“
Вработениот ќе ги има следниве работни одговорности:
- Води евиденција за боледувањата на вработените на клиентот и врши поднесување на документи за боледување на вработени до Фондот за здравствено осигурување;
- Води евиденција и поднесува обрасци за здравствено осигурување и обезбедува здравствени картони за вработените на клиентот;
- Води евиденција и врши пријавување и одјавување на вработени на клиентот во Агенцијата за вработување;
- Води евиденција и врши пријавување/одјавување односно регистрации во други државни институции;
- Учествува во/изготвува пресметки за плата и извештаи врз основа на месечни варијабилни податоци.
Критериуми за работно место:
Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:
- Високо образование, VII/1 Степен Факултет од општествени науки или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС;
- Аналитичност;
- Ажурност;
- Педантност и точност;
- Одлично познавање на ексел, ворд и други компарабилни програми за компјутерско работење;
- Знаење на англиски јазик;
- Позитивен став
2. Опис на работно место „СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА со работно искуство“
Вработениот ќе ги има следниве работни одговорности:
- Прави подготовка и контрола на добиени основни податоци за вработените од Асистентот и клиентот;
- Изработува пресметка врз основа на добиените податоци за пресметка на плата;
- Изработка на извештаи за пресметката и доставување до клиентот;
- Изработка на месечна декларација и годишен извештај и нивно доставување до Управата за јавни приходи;
- Комуницира со клиентот за прашања поврзани со добиените податоци и пресметката на плата.
Критериуми за работно место:
Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:
- Високо образование, VII/1 Степен Факултет од општествени науки или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС;
- Претходно работно искуство од 3 години;
- Самостојност во вршењето на работите;
- Познавање на административно работење;
- Одлично познавање на McOffice;
- Одлично познавање на деловен англиски јазик;
- Умешност да се работи со голем обем на информации;
- Работа во куси временски рокови;
- Исполнителност;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Одговорна и лојална личност;
- Позитивен став.
„За работно место: 1. Асистент за пресметка на плата без искуство“
„За работно место: 2. Специјалист за пресметка на плата со искуство
Датум на огласот: 04.05.2022
Прием на апликации до: 18.05.2022
Огласот трае до 18.05.2022 година, а изборот ќе се изврши преку претходно тестирање, во определен рок согласно бројот на пријавени кандидати како и Законот за работни односи на Република Северна Македонија.
САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.