Vrabotuvanje.com - Специјалист за градежни работи (м/ж) - Скопје - ЕВН Електродистрибуција
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Специјалист за градежни работи (м/ж)

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕВН Електродистрибуција
Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Северна Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата.

За потребите на одделот Фасилити менаџмент и логистика, бараме:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ (М/Ж)

Работни задачи:

  • Подготовка на идејни проекти, проектни задачи и предмер пресметки за одржување, реновирање и новоградба на административни објекти, магацини и други деловни објекти
  • Надзор и контрола на квалитет при градба, следење на рокови и буџет и прием на градба
  • Подготовка на инвестициона програма и програма за одржување на градежниот дел
  • Подготовка на документација за тендерски постапки и учество во истите
  • Активности поврзани со недвижен имот и соработка со закуподавци, катастар, нотари, и др.
  • Работата ќе се извршува на објекти на ЕВН Македонија на цела територија на државата со постојано работно место во Скопје


Потребни компетенции:

  • VII степен високо образование (Градежен или архитектоснки инж.)
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Познавање на странски јазик (англиски, германски) ќе смета за предност
  • Работно искуство минимум 3 години
  • Компјутерски познавања AutoCAD и Microsoft Office Software пакет
  • Одговорност, тимска работа, комуникативност и флексибилност
 

Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, на jobs.elektrodistribucija@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо најдоцна до 19.05.2022

Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права за обработка на податоците, како и за начинот на обработка на податоците можете да добиете на следниот линк https://www.evn.mk/Careers.aspx .

Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност. 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде